Постои опасност од урнување на хотелот во турскиот ски-центар Карталкаја, каде избувна голем пожар

January 21, 2025
1 min read

Постои опасност хотелот во турскиот ски-центар Карталкаја во областа Болу, каде што рано изутрината избувна голем пожар, да се урне во секој момент, пренесе турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на предупредување од полицајци.

Локалните власти не го коментираа ова предупредување.

Десет лица загинаа, а 32 се повредени во пожарот во хотелот во ски-центарот Карталкаја во северозападна Турција, изјави претходно денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Пожарот избувнал околу 03:30 часот по локално време во ресторанот на 12-катниот хотел во Карталкаја. Поради тоа што хотелот е направен од дрво, пламенот брзо се проширил низ објектот.

Јерликаја, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и министерот за здравство Кемал Мемишоглу пристигнаа на местото на инцидентот.

Во меѓувреме, гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајден посочи дека пожарот е речиси под контрола. Според него, обвинителството покренало истрага за утврдување на причините и околностите за инцидентот.

Ајден рече дека причината за пожарот не била веднаш утврдена, но потврди дека тој започнал на подот во ресторанот.

Многу екипи за итни случаи, вклучувајќи 30 противпожарни возила и 28 амбулантни возила од Болу и околните области се испратени на местото на пожарот. Над 230 луѓе се вклучени во напорите за локализирање на пламените јазици. Во областа пристигнува дополнително засилување.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до семејствата и најблиските на загинатите и посака брзо закрепнување на повредените, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

Ски-центарот Карталкаја се наоѓа на планината Короглу. Одморалиштето е популарно место за одмор меѓу турските граѓани. Се наоѓа на околу 38 километри од градот Болу и 270 километри од Истанбул. Округот Болу се граничи со округот Анкара.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ученик од Прилеп се здобил со тешки повреди откако паднал од трети кат

Следно

Мицкоски- Спиро: Крипто пазарот и блокчејн технологија во фокус на разговорот- мора да чекориме со големи чекори напред за Македонија да биде повторно горда

Latest from Blog

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop