Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци

December 13, 2023
1 min read

реклама


Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да трае неколку месеци, информираат од Министерството за правда.

Барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски, велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

реклама

Оттаму појаснуваат дека постапката за барање на екстрадиција од наша страна е иста за сите земји, Министерството за правда постапува по добиено известување од СМПС-Интерпол, дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.

-Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција, велат во брифинг за новинарите од Секторот за меѓународна правна помош.

реклама

Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Се што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција.

Барањето за екстрадиција на Палевски до Турција беше испратено преку три канали, соопштуваат од Секторот. 

реклама

-Директно преку ДХЛ, вчера стигна известување дека го примија оригиналот, втор оригинал испративме другиот ден преку Министерството за надворешни работи, како и скенирана копија преку Интерпол, соопштија од Секторот за меѓународна правна помош и додаваат дека Република Турција има повеќе од 100 барања за екстрадиција дневно.

Брифираат дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

Во врска со поранешното барање од страна на Република Турција за екстрадиција на т.н. „Ѓуленисти“ и за евентуалната можност за покренување на тоа прашање во овој случај, од Секторот за меѓународна правна помош појаснуваат дека тоа прашање не е на маса помеѓу двете земји.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(АУДИО) Зошто Анѓушев заврши на американската „црна листа“ и кој е следен – одговара амбасадорката Агелер

Следно

Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Клиниката за кардиохирургија

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop