ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ОТВОРИ КОНКУРС ЗА ТВ-СЕРИИ, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ МИЦЕВСКИ

July 31, 2025
1 min read

Работиме на конципирање на конкурс за серии кој би бил отворен во јануари, веќе десет години немало ваков конкурс во Агенцијата за филм, рече директорот на Агенцијата, Сашко Мицевски, на вчерашниот брифинг со министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Зборувајќи за филмските проекти, Мицевски рече дека периодов се снима филмот „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“) на режисерот Милчо Манчевски, а до крајот на годината ќе се снимаат уште два,  можеби и три долгометражни филма, „Тајната на голиот рид“ на Игор Алексов и „Мравките го спасуваат светот“ на Марјан Гавриловски.

Мицевски кажа и дека се работи на јасно дефинирање што е филм од национален интерес.

„Има многу дела кои мислам дека не треба да припаѓаат во таа категорија и треба да се јават за финансирање во МРТ или во други сродни институции“.

Мицевски e филмски и ТВ-монтажер и дизајнер на звук, кој на 20 јуни беше именуван од Владата за в. д. директор на Агенцијата за филм. Тој вчера зборуваше и за тоа дека е четврти директор за период од повеќе од една година.

„Со многу работа и со многу млада енергија се ‘пеглаат’ работите, но има уште многу работа. Јас сум од редот на филмските работници и како член во Филмскиот совет пет години доволно добро бев запознат каде се заплеткани работите во Агенцијата и можам да ги разберам и внатре проблемите на филмските работници. Имаше многу забелешки од Државниот завод за ревизија и генерално од јавноста за начинот на кој се финансираат филмовите и како се одвива процесот на бодување на проектите. Наоѓам начин како јавноста да биде информирана согласно законската рамка за бодовни листи за тоа кои се рецензенти и кои се условите некој да биде рецензент, како се доделуваат средства и слично. Сакам да им помогнам и на младите филмски работници и да направам отворен ден во Агенцијата за филм за да можат да добијат поддршка и информации, Во крајна фаза сме на објавување резултати од првиот рок на конкурсот. Се надевам дека ќе биде во најбрз можен рок“, кажа Мицевски.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

303 000 евра за пратенички километражи

Следно

Мицкоски: Тоа што не успеа Тодор Живков и плејада други бугарски политичари со Македонија, успеа во време на СДСМ – ерес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop