Поскапува бензинот, поевтинува дизелот

February 5, 2024
1 min read

Од вечерва на полноќ на сила ќе стапат новите цени на горивата, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Со одлуката, кај бензините ќе има поскапување од 1 денар, додека дизел горивото поевтинува за 0,5 денари.

Така, цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе се продава по 80,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе изнесува 82,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе изнесува 78 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 1 денар и ќе се продава по 77 денари по литар, додека цената на мазутот ќе изнесува 41,4 денари по литар.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алијанса за Албанците го осуди синоќешниот напад на Небиу

Следно

Јокиќ стоеше 5 секунди, сите се чудеа зошто, а всушност е генијално (ВИДЕО)

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop