Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје, поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024“

October 4, 2024
1 min read

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.10.2024 (недела) со почеток од 08 часот, поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по и во близина на сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.

Настанот ќе се одвива со следните траси на движење: Траса на движење на трката од 5 км – Старт кај Собрание на РСМ, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11 Октомври“.

Траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат два пати) – Старт кај Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“, каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул. „Јане Сандански“, се до крстосница со бул.„Србија“, каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Трета македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска република“, десно по ул.„11 Октомври“ до целта – плоштад „Македонија“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агелер: Нема да имате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на целите

Следно

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите во Босна и Херцеговина

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop