Најмалку 15 лица загинаа во поплавите во Босна и Херцеговина

October 4, 2024
2 mins read

САРАЕВО/МОСТАР (АА) 

Најмалку 15 лица загинаа во текот на ноќта и утрово во поплавите во Босна и Херцеговина, јавува Анадолу.

Според официјалните информации од надлежните институции, 14 лица загинале во поплавите и одроните на подрачјето на Јабланица, додека потврдено е и дека едно лице загинало во Фојница.

Раководителот на Секторот за односи со јавноста при Владата на Херцеговско-Неретванскиот Кантон (ХНК), Дарко Јука, го потврди бројот на жртвите во подрачјето на северниот дел на кантонот.

„Со големо жалење можам да констатирам дека до овој момент се пронајдени 14 тела и за жал со тенденција да се зголеми оваа и онака трагична бројка. Има многу повредени, за жал меѓу нив и потешко повредени. Службите прават сѐ што можат на терен за повредените да ги однесат до најблиските медицински установи, а на самото место да им укажат помош на помалку повредените како и на оние кои го загубиле имотот, оние кои се одвоени од своите најблиски, се згрижуваат во центрите во Јабланица, Коњиц“, изјави Јука.

„Ситуацијата во Коњиц сега е малку постабилна. Последните информации се дека возилото на итната помош успеало да се пробие меѓу Коњиц и Јабланица и дека е изграден некаков привремен коридор за да може да се дојде до луѓето. Во моментов најкритична е состојбата на подрачјето на Доња Јабланица, која е целосно отсечена од останатиот дел од округот, односно од светот. Станува збор за целосно пропаднати патишта и пруги. Поради тоа сообраќајот е во целосен прекин“, истакна Јука и додаде дека се предизвикани многу свлечишта и дека под вода се големи површини, а уништени се и неколку мостови на реката Дрежанка.

Според неговите зборови, повредените се извлекуваат со чамци, обезбедени од Вооружените сили на Босна и Херцеговина и нуркачките клубови, како и со пловни објекти на Цивилната заштита на ХНК.

„Од три часот по полноќ, кога беа добиени првите информации во нашиот центар, на терен се сите расположливи сили во однос на луѓе, опрема и технологија. Значи, зборуваме за Цивилна заштита, пожарникари, брза помош, полиција, ГСС, Црвен крст. Премиерката ги алармираше сите нивоа на власт во Босна и Херцеговина, таа е во постојана комуникација од државно до ентитетско ниво“, објасни Јука.

Тој особено ги предупреди граѓаните на Босна и Херцеговина да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и да не тргнуваат на пат кон Коњиц и Јабланица од која било насока, бидејќи тоа ќе предизвика дополнителни проблеми. Полициските патроли на локациите Салаковац и Брадина не дозволуваат премин кон Јабланица или Коњиц.

– Претседателството на БиХ изрази сочувство до семејствата на настраданите во поплавите

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, изрази сочувство до семејствата на настраданите во поплавите.

„Изразувам искрено сочувство до семејствата на настраданите во поплавите кои ја погодија нашата земја. Во овие тешки моменти изразувам длабока солидарност со граѓаните кои се погодени од временските непогоди и стојам на располагање за секаков вид помош“, изјави Комшиќ.

Тој додаде дека институциите на Босна и Херцеговина ќе ги преземат сите мерки за што побрзо да се санираат последиците од поплавите и да му биде укажана соодветна помош на населението.

– Вооружените сили ангажирани за помош на загрозените цивили од поплавите

По добиеното одобрение од Претседателството на БиХ, на барање на Министерството за безбедност на БиХ, ресурсите на Вооружените сили на Босна и Херцеговина (ОС БиХ) беа ангажирани за помош на цивилното население кое е загрозено од поплавите.

Во операцијата за спасување учествуваа хеликоптер, инженерски машини и пешадиски единици на Вооружените сили на Босна и Херцеговина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје, поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024“

Следно

Правилата за трансфери на ФИФА спротивни на законите на ЕУ

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop