Порталот Рацин, близок до СДС, во идеолошка војна против претседателот на САД, Доналд Трамп

February 19, 2025
1 min read

Порталот „Рацин“, познат по својата идеолошка блискост со СДСМ, сѐ поотворено води медиумска офанзива против актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Последниот текст објавен на овој портал, со наслов „Паѓа рејтингот на Трамп: По само еден месец, сè помалку граѓани му веруваат на економските политики“, е јасен показател за обидот на оваа медиумска структура да придонесе во глобалната левичарска нарација против политиките на Трамп.

Во својата анализа, „Рацин“ се повикува на истражување на јавното мислење, во кое наводно рејтингот на Трамп паднал на 44 проценти, а поддршката за неговите економски политики се намалила на 39 проценти. Сепак, она што порталот свесно го избегнува е дека вакви слични “анализи” објавуваше и за американските избори, во кои тврдеше дека наводно кандидатот Камата Харис ќе оствари убедлива победа над Доналд Трамп, што се покажа за целосно фијаско.

Во своите објави, порталот „Рацин“ често ја презема реториката на американските левичарски медиуми, со што се вклопува во глобалната либерална пропаганда против конзервативните политички лидери. Овој тренд не е нов – за време на првиот мандат на Трамп, слични портали блиски до СДСМ го портретираше американскиот претседател како „закана за демократијата“, обидувајќи се да го прикаже како непожелен партнер за Македонија.

Иако критичката анализа на секој политички лидер е нормална и посакувана во демократските општества, едностраноста и селективноста на порталот покажуваат дека неговата цел не е информирање, туку обликување на јавното мислење во насока на интересите на СДСМ и идеолошките сојузници.

Реакции на социјалните мрежи

По објавувањето на текстот, на социјалните мрежи се појавија бројни коментари кои го разобличуваат пристрасниот пристап на порталот „Рацин“. Еден од корисниците на Фејсбук коментира:

„Колку сте очајни! Вие мислите дека македонската јавност не знае дека економијата на САД никогаш не била посилна? Ова е само копирање на левичарската пропаганда!“

Друг коментар на Твитер нагласува:

„Додека Трамп отвора работни места и ја зголемува конкурентноста на САД, некои портали во Македонија, блиски до СДС, имаат единствена цел да шират црна кампања против него. Колку провидно.“

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снежни врнежи на улицата Истиклал во Истанбул

Следно

Од утре се очекува поевтинување на повеќе од 1000 производи: Одлуките за ограничување на маржите и замрзнување на цените објавени во „Службен весник“

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop