Пораз од Бугарија и трето место на турнирот „Чајка“ за македонските одбојкари

August 8, 2025
1 min read

Одбојкарската репрезентација на Македонија претрпе пораз од 3:0 во сетови (25:20; 28:26 и 25:23) од Бугарија на последниот ден од 49.то издание на турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Со овој пораз Македонија турнирот го заврши на третото место, а Бугарија е прва пред Швајцарија.

Македонските одбојкари равноправни беа само во вториот сет, кој го загубија „на разлика“ со 28:26 и притоа имаа две сет топки, кои не ги искористија. Во другите сетови денешниот противник имаше предност и успеваше да го освои сетот.

За најкорисен играч на турнирот беше прогласен Христијан Димитров од Бугарија.

За Македонија ова беше последен контролен натпревар пред дуелите од квалификациите за Европско првенство со Грција во Атина на 13.август и со Грузија во Скопје на 17.август.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Анкара ќе продолжи да стои покрај сирискиот народ

Следно

Топлотен бран ја зафаќа земјава, не заборавајте на препораките за заштита од високите температури

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop