Пораз на Ѓорческа во второто коло на ИТФ фјурсот во Тунис

January 23, 2025
1 min read

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во мечот од второто коло на ИТФ фјучрсот од рангот W50 во тунискиот град Ла Марса.

Поуспешна од Лина во два сета денес беше полската тенисерка Линда Климовицова со 2:0 (6:4 и 6:1). Тенисерката од Полска имаше повеќе брејк шанси во мечот и искористи пет од девет прилики, додека Ѓорческа имаше само еден брејк од четири прилики.

Во вкупниот број поени скорот беше 64:46 за победничката.

Во првиот сет Климовицова поведе со 5:2 во гемови, но македонската тенисерка направи брејк и намали на 5:4, но не успеа да стигне до изедначување. Во вториот сет полската тенисерка ја искористи подобрата игра и дојде до предност, а голема борба имаше во последниот гем кога беа одиграно 10 поени.

Ѓорческа за следната недела е пријавена за настап на турнирот W75 во францускиот град Андрезио-Бутеон. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиени речиси 47.300 Палестинци во Газа, уште 120 тела извлечени од урнатините

Следно

Турскиот министер за надворешни работи ќе се состане со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика во Анкара

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop