Пораст на насилството: Во Франција најмногу агресија, Македонија на 13-то место

February 21, 2024
1 min read

Истражувачката компанија „Нумбео“ објави податоци поврзани со порастот на насилството во Европа и светот и откри кои земји се најбезбедни. Во податоците, покрај реално мерливата стапка на криминал, се земаат предвид и субјективните согледувања. Станува збор за грижа за упади, кражби или напади, а корупцијата и поткупот исто така влијаеле на рангирањето на земјите на таа листа.

Според објавените резултати, Франција е најопасната земја во Европа. Следуваат Белорусија, Белгија, Шведска и Италија, а „топ 10“ листата ја комплетираат Велика Британија, Украина, Грција, Ирска и Молдавија.

На сосема поинаков крај од спектарот, Словенија, Естонија, Монако и Швајцарија се сметаат за особено безбедни земји.

Македонија е рангирана на 13 место по Албанија која е на 11 место и Босна и Херцеговина која е на 12 место, а пред Србија која по степенот на порастот на насилството е рангирана на 17 место, зад Русија и пред Германија, Косово (14) и Малта (15) се сметаат за поопасни земји од Србија.

Бугарија е на 19 место, Црна Гора на 21, Унгарија на 24, Романија на 26, Хрватска на 36 место.

Во однос на листата на најопасните земји во светот, на прво место е Венецуела.

Папуа Нова Гвинеја, Авганистан, Хаити и Јужна Африка се исто така многу небезбедни, а најбезбедна земја на планетата е Катар.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реконструкција на Универзална сала

Следно

Инзаги: Штета што предноста е само еден гол

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop