Поранешниот тропски циклон Алфред продолжува да предизвикува обилни врнежи во источна Австралија

March 10, 2025
1 min read

КВИНСЛЕНД / НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС (АА) – Поранешниот тропски циклон Алфред продолжува да предизвикува обилни врнежи низ југоисточен Квинсленд и во северниот дел на Нов Јужен Велс, додека се движи кон внатрешноста, поплавувајќи патишта и оставајќи десетици илјади домаќинства без струја, пренесуваат локалните медиуми, јавува Анадолу.

Според Австралиската радиодифузна корпорација (ABC), повеќе од 238.000 домаќинства и бизниси останале без електрична енергија во двете држави, додека 20.300 луѓе во североисточниот дел биле евакуирани.

Циклонот во саботата стигна до брегот на Квинсленд како „тропска депресија“ откако 16 дена беше активен како циклон.

Денес наутро беше издадено ново предупредување за силна бура во делови од Квинсленд, вклучувајќи ги Ипсвич, Логан, Скеник Рим, Саншајн Коуст, Бризбејн и Мортон Беј.

Австралиското Биро за метеорологија (BoM) предупреди на интензивни врнежи што би можеле да предизвикаат опасни и животозагрозувачки поплави, особено покрај реката Бремер и потоците Варил и Лејдли.

На жителите во засегнатите области им беше наложено да се преместат на повисоки места или да бидат подготвени веднаш да ја напуштат областа доколку опасноста се зголеми.

Во северниот дел на Нов Јужен Велс продолжуваат врнежите, а поплавените патишта доведоа до предупредувања за граѓаните да не се обидуваат да возат низ водата.

„Сè уште не сме надвор од опасност“, изјави денес Шон Кернс, помошник-комесарот на Службата за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс.

„Ризикот од обилни врнежи се очекува да продолжи во текот на денешниот ден и можеби во вторник, што дополнително ќе ја влоши ситуацијата“, додаде тој.

Жителите на Херви Беј, северно од Бризбејн, беа повикани да останат во своите домови откако во рок од неколку часа паднаа 250 милиметри дожд, предизвикувајќи нагли поплави.

Австралиското Биро за метеорологија соопшти дека обилните врнежи и силните бури и понатаму претставуваат закана во југоисточниот дел на Квинсленд и во северниот дел на Нов Јужен Велс.

Досега, едно лице загина, а уште 30 други се повредени во инциденти поврзани со дождот и поплавите, меѓу кои се и 13 припадници на Австралиските одбранбени сили.

Во погодените области, 685 училишта остануваат затворени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Зголемен бројот на противпожарни интервенции, за викендот 60 пожари на отворено

Следно

Осквернавен манастирот во Матејче, откопани посмртни останки и украден оловен лим

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop