Поранешниот претседател на Воениот синдикат на Србија утрово е приведен, бил дел од групата што планирала насилна смена на уставен поредок

June 26, 2025
1 min read

Поранешниот претседател на Воениот синдикат на Србија, Новица Антиќ, чија куќа беше претресена синоќа, утрово е приведен, изјави неговиот адвокат за белградски медиуми. Според нив, Антиќ почнал штрајк со глад.

Претресот на куќата на Новица Антиќ е извршен со одобрение на Вишиот суд во Крагуевац, а под сомнение за две кривични дела: повикување на насилна промена на Уставот и подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија.

Српското Министерство за внатрешни работи објави синоќа дека се уапсени шест лица под сомнение за планирање „насилна промена на власта“ во Србија.

„Сомненијата се дека на 21 јуни се сретнале во хотел во Краљево со цел да испланираат насилна промена на власта во Република Србија и договориле напади врз претставници на државни институции, физички напади врз припадници на полицијата со цел нивно разоружување, насилни упади во зградата на Владата на Република Србија и други институции“, се наведува во полициското соопштение.

Според извештаите, планиран бил и напад врз медиумските куќи Радио Телевизија на Србија, провладините медиуми „Хепи“ и „Информер“ „со најава дека ќе употребат огнено оружје“.

Антиќ бил во притвор и во 2024 година, кога тој и двајца негови соработници биле уапсени на 27 февруари под сомнение за сторено кривично дело проневера. Набргу потоа, било избрано новото раководство на Воениот синдикат на Србија.
Антиќ претходно им изјавил на новинарите дека притисокот врз тој синдикат доаѓа од Агенцијата за воена безбедност, Министерството за одбрана и Генералштабот на вооружените сили на Србија.

Според медиумите, Антиќ бил ослободен од притвор во август 2024 година.

Во статија објавена во март истата година, бриселскиот портал Политико го етикетирал Антиќ како руски агент. Политико се повика на документ на западните разузнавачки служби, до кој новинарите на тој портал имале пристап. Во извештајот на службата, Антиќ наводно бил етикетиран како активен „агент на влијание“ за руската ФСБ.

Вишото јавно обвинителство објави вчера и дека Стефан Томиќ, 20-годишен студент што ги поддржува блокадите, бил приведен под сомнение за „повик за насилна промена на уставниот поредок“.

Неговото апсење го осудија студентите во блокадата на факултетот во Белград, како и неколку опозициски партии, оценувајќи дека станува збор за притисок и заплашување на студентите пред протестот на 28 јуни, Видовден.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Њујорк Тајмс“: Еднонеделното отсуство од јавноста на врховниот лидер предизвика тревога во Иран

Следно

„Отворен кабинет“ – граѓаните ќе може да ги кажат проблемите директно на министерот Алиу

Latest from Blog

„НОВИОТ ТИМ“ на Филипче: Синот на Фрчко кој призна шмркање КОКАИН на Бихаќка се враќа во СДСМ

Александар, другарчето на Заев од јахтата на која аздисуваа со Филипче и ултра лузер на изборите за Аеродром станува потпретседател, исто и нејбезличната министерка за труд и социјала, Тренчевска. Верувале или не,

Австрија нема да забрани палестински знамиња, ниту ќе го пригуши свиркањето за време на израелсјкиот настап на Евросонг 2026.

Австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF, домаќин на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година, нема да забрани палестински знамиња од публиката ниту да ги пригуши свиркањата на настапот на Израел како што

Откриени се илјадници траги на диносауруси, стари 210 милиони години- научниците зачудени

Дал Сасо рече дека трагите од диносаурусите формираат траги долги стотици метри и се толку добро сочувани што некои дури имаат отпечатоци од прсти и траги од канџи, објави Би-Би-Си. „Тоа е
Go toTop