Поранешниот пакистански премиер Имран Кан осуден на уште 14 години затвор за продавање владини подароци

January 31, 2024
1 min read

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби се осудени на 14 години затвор во случајот поврзан со нелегална продажба на владини подароци, објави синоќа весникот „Dawn“.

Пресудата на антикорупцискиот суд во Исламабад доаѓа еден ден откако Кан беше осуден на 10 години затвор во случајот за оддавање државни тајни, една недела пред националните избори.

Трет суд, исто така, во август го осуди Кан на три години затвор за продажба на повеќе од 140 милиони рупии (501.000 долари) државни подароци добиени за време на неговиот премиерски мандат 2018-2022 година.

Казната подоцна беше условна, но Кан останува зад решетки во врска со други случаи. Тој на судењето изјави дека ги купил предметите легално.

Владини претставници тврдеа дека помошниците на Кан ги продавале подароците во Дубаи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун: „Туркије ќе истрае во откривањето на израелската пропаганда и дезинформации за Газа“

Следно

Македонец е уапсен во Србија со 2,52 алкохол – удрил во полициско возило што тргнало на увид

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop