Поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини е една од трите уапсени лица поради измама за финансирање на Академија за млади дипломати

December 2, 2025
1 min read

Поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, беше едно од трите лица уапсени од белгиската полиција во вторник, во рамките на обемна истрага за измама околу финансирањето на академијата во Бриж за млади дипломати, изјавија две лица запознаени со истрагата за „Еурактив“ и нејзиниот партнер „Де Стандард“.


Белгиската полиција изврши рации во дипломатската служба на ЕУ, Колеџот на Европа и во приватни домови како дел од истрагата за наводна злоупотреба на средствата на ЕУ, според луѓе запознаени со истрагата и сведоци.

Портпаролот на Колеџот, каде што Могерини е ректор од 2020 година, рече дека не знае дали таа е уапсена и одби да даде понатамошен коментар. Могерини ја водеше Европската служба за надворешни активности (ЕЕАС) од 2014 до 2019 година и е директорка на Академијата од 2022 година.


Друг вработен во Колеџот на Европа, вклучен во одделот за извршно образование, исто така беше приведен, велат изворите.

Високиот функционер на Европската комисија, Стефано Санино, исто така беше приведен. Санино претходно беше генерален секретар на ЕЕАС под Могерини, во периодот кога беше создадена Дипломатската академија. Тој моментално е генерален директор на одделот на Комисијата за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот.


Комисијата потврди дека полицијата била присутна во вторник во зградите на ЕЕАС, и дека ова е дел од тековната истрага за активностите спроведени за време на претходниот мандат, но од таму одбија да дадат дополнителни информации, бидејќи истрагата е во тек.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка најтргувани на пазарот

Следно

Комерцијална банка и Макпетрол со најголем месечен промет во ноември

Latest from Blog

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека
Go toTop