Поранешен српски политичар силувал девојка? Наводно ја спасил доставувач на храна

March 10, 2023
1 min read

Како што пренесува Нова.рс, поранешниот политичар кој имал висока функција во градот, моментално е во притвор за да не избега, да не го повтори делото или да влијае врз сведоци

Поранешен политичар од Нови Сад, за кого српските медиуми ги објавуваат само иницијалите и возраста на С.Е. (42), е осомничен дека во средата силувал девојка во неговиот стан. Девојката, која дошла во Нови Сад да најде работа и стан, отишла со него на пијачка, а потоа продолжиле да се дружат во неговиот стан, пишува Нова.рс.

Мажот тогаш наводно се обидел да има полови односи со девојката, но откако таа го одбила, тој станал насилен и на крајот ја силувал. Девојката потоа истрчала на улица, каде сретнала доставувач на храна кој ѝ помогнал да повика полиција.

Како што пренесува Нова.рс, поранешниот политичар кој имал висока функција во градот, моментално е во притвор за да не избега, да не го повтори делото или да влијае врз сведоци.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вечерва во 360°: Педесетина чаури пронајдени покрај телата на двајцата убиени во „Шиша бар“

Следно

Швајцарската Влада ги одби барањата за реекспорт на оружје во Украина

Latest from Blog

Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од

Објавени фотографии од 22-годишниот убиец на Чарли Кирк

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута,

Нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје, осевен благо надминување во Лисиче

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂,
Go toTop