Поранешен соработник на Трамп повикал на убиство на демократски конгресмени

January 18, 2024
1 min read

Полицијата на Капитол хил и Федералното биро за истраги започнале истрага околу изјава наводно дадена од Роџер Стоун, политички соработник и агент на поранешниот претседател Доналд Трамп, за убиство на видни демократи.

Во разговор со поранешен вработен во безбедносните служби пред изборите во 2020 година, и објавен како аудио снимка од изданието „Мидиејт“, Стоун кажал дека „или Свалвел или Надлер треба да умрат пред изборите. Тие треба да ја примат пораката. Не можам да с смирам со овие г … повеќе“.

На снимката тој алудира на демократските конгресмени Ерик Свалвел и Џери Надлер.

Стоун синоќа демантираше дека кажал такво нешто со зборовите „бесмислица. Никогаш не сум кажал такво нешто, тоа е манипулација со вештачка интелигенција“.

Тој се истакна како близок соработник на Трамп и активно работеше на укинување на резултатите од изборите во 2020 година. Тој учествуваше на митингот на 6 јануари 2021 година на кој по настапот на Трамп толпа негови поддржувачи упадна во американскиот Капитол.

Стоун потоа беше осуден на казна затвор во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мулер, но беше помилуван од Трамп.

Во интервју за „Си-Ен-Ен“ Свалвел синоќа истакна дека некои републиканци го избираат насилството како начин за дискусија наместо чесните избори, и укажа дека ваквите изјави се опасни за соработниците во Конгресот и за неговото семејство. Тој потсети на нападот на домот на поранешната спикерка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во октомври 2022 година, во кој сериозно беше повреден нејзиниот сопруг Пол.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турската полиција фати 36 терористи на ДЕАШ

Следно

Извлечени лица заглавени со моторно возило на Галичица

Latest from Blog

Ќе се обележат околу 150 „црни“ точки на скопските улици, најави Ѓорѓиевски

Околу 150 „црни“ точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Тој беше прашан во врска со

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен
Go toTop