Поранешен косовски министер осуден за доделување дополнителни средства на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопат во Косово

February 1, 2024
1 min read

Ексминистерот за инфраструктура Пал Лекај е осуден на три години и осум месеци затвор за случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатот „Арбен Џафери“ кој ги поврзува Косово и Македонија.

Ексминистерот е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет. Освен на затворска казна, Лекај е осуден и на дополнителна казна со која му се забранува да врши јавни функции во јавната администрација во времетраење од три и пол години. Во своите прелиминарни сведочења, сите обвинети се изјаснија за невини.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел: Ако не ја поддржи Украина, ЕУ ќе плати многу висока цена

Следно

КСС излегува на протест поради измените на Законот за административни службеници

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop