Пораки од Стефанини: ЕУ нема друга опција освен да се прошири, а С Македонија да ги засука ракавите

July 30, 2023
1 min read

Според италијанскиот дипломат и експерт за безбедносни прашања, ЕУ не смее да остави важни земји бескрајно да чекаат, а земјите кандидати кои се способни да си ја завршат домашната задача треба да можат да станат членки на ЕУ во разумно време. Затоа, порачува тој, од вас зависи дали ќе бидете подготвени за тоа што е можно поскоро

Стефано Стефанини / Фото: МИА

По војната во Украина, Европската Унија (ЕУ) нема друга опција освен да се прошири, а Северна Македонија треба да ги заскупа ракавите за нејзината европска перспектива, се дел од пораките кои во интервју за државната агенција МИА ги испраќа италијанскиот експерт за глобални безбедносни прашања Стефано Стефанини.

Стефанини е и со богато дипломатско искуство – тој е поранешен постојан претставник во НАТО и некогашен дипломатски советник на италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, а служел и во дипломатските мисии во Њујорк, во ОН, Москва, Вашингтон и Перт.

„Пораката којашто ЕУ-членките ја праќаа од 2013 година, по зачленувањето на Хрватска е „почекајте, почекајте“, сега пораката треба да биде „движете се побрзо и ќе станете дел од ЕУ.“ По војната во Украина, ЕУ сега нема друга опција освен да се прошири, што ќе бара прилагодување од нејзина страна, бидејќи не смее да остави важни земји бескрајно да чекаат, а земјите кандидати кои се способни да си ја завршат домашната задача, како Северна Македонија, треба да можат да станат членки на ЕУ во разумно време. Од вас зависи дали ќе бидете подготвени за тоа што е можно поскоро“

вели Стефанини.

На прашањето што треба земјава да направи во овој круцијален момент за нејзината европска перспектива, италијанскиот дипломат вели дека треба да се постигне политички консензус и да се посвети на реформите од ЕУ-агендата.

„Северна Македонија треба да ги засука ракавите и да работи на пристап што ги вклучува сите партии бидејќи влезот во ЕУ бара консензус од сите луѓе и од сите политички сили. Реформите понекогаш се болни и треба да ја имате целата земја зад себе. Тоа е она што Северна Македонија треба да го направи, а ЕУ мора да биде јасна дека ако Северна Македонија до 2028, 2029 или која било година, ги исполни условите за членство може да влезе во Унијата. Зачленувањето мора да оди според принципот на регата, што значи дека ако ја поминете линијата, нема потреба да чекате некого“,

вели Стефанини.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРОПАЃА КИНОТО „МИЛЕНИУМ“ ВО ГТЦ, ГРАД СКОПЈЕ СЕДУМ МЕСЕЦИ ГО ИГНОРИРА БАРАЊЕТО ЗА НОВ ПРОЕКТОР ОТИ СТАРИОТ ВЕЌЕ НЕ СЕ НИ ПОПРАВА

Следно

Се воведува нова директна авио линија од Скопје

Latest from Blog

КОРУПЦИЈА ВО ВРВОТ НА УКРАИНА – ЗА КОГО Е ЛУКСУЗНАТА КУЌА СО ШИФРА R1?!

Таен луксузен станбен комплекс, наводно изграден за најблискиот круг на Володимир Зеленски, би можел да стане корупциски скандал што го дефинира неговото претседателствување. Обвинителството тврди дека во рок од четири години, речиси

ВМРО-ДПМНЕ избра нов портпарол и нови претседатели на општински комитети

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, а за нов портпарол е избран Валентин Манасиевски. Од партијата велат дека дел од

Хаверц го однесе Арсенал на чекор до титулата!

Фудбалерите на Арсенал направија голем чекор кон освојување на титулата во Премиер лигата, бидејќи славеа во натпреварот од претпоследното коло на домашен терен против Барнли со 1:0 и со тоа дојдоа до

Пронајдени се телата на италијанските нуркачи на Малдивите

Телото на петтиот член на групата е пронајдено порано, по несреќата што се случи во четвртокот. Италијанските државјани биле пронајдени во пештера длабока 60 метри на атолот Ваву, благодарение на заедничката акција

Опозицијата праша кој му ги плаќа патувањата на Фетаи, кој денес не се појави на пратенички прашања

Ве молам, потпретседателе, стопирајте ми го времето. Ве молам да го почекаме да влезе во собраниската сала заменикот-претседател на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи. Уредно најавив прашање и ми беше одговорено
Go toTop