Поради сакнциите, косовската опозиција прекина комуникација со Курти и Османи и побара избори што поскоро

July 3, 2023
1 min read

Косово е изолирана и санкционирана држава и заради вина на премиерот и претседателката, смета лидерот на опозициската ПДК, е влезено во ист ред со Белорусија, Русија, Молдавија и Република Српска

Најголемата парламентарна опозициска партија на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК) соопшти денеска дека, поради санкциите кои Европската унија и САД ги воведоа кон државата, целосно ја прекинува комуникацијата со владата на Албин Курти и со претседателката Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во обраќање пред медиумите по денешната седница на Управниот одбор на ПДК, партискиот лидер, Мемли Красниќи побара да се одреди датум за предвремени избори, било преку оставка на премиерот Курти, или преку распуштање на Собранието на Косово.

ПДК, најави Красниќи, ќе го бојкотира Собранието и нема да гласа на ниеден форум, за ниеден закон, одлука, резолуција или договор предложени од властите.

„Што поскоро да се објави датумот на предвремени општи избори, било преку оставка на премиерот Курти, било преку распуштање на Собранието. Од денеска нема да гласаме на ниеден форум, за ниеден закон, одлука, резолуција или договор, затоа што ситуацијата не е нормална и ние не можеме да симулираме нормалност“,

изјави Красниќи.

Секој вид комуникација со Курти и претседателката Османи, порача опозицискиот лидер, се прекинува, „освен за вонредни ситуации, или за разговори околу одржувањето предвремени парламентарни избори“.

„Косово е изолирана и санкционирана држава и заради нивна вина (на Курти и Османи) е влезено во ист ред со Белорусија, Русија, Молдавија и Република Српска“,

рече Красниќи, порачувајќи дека „на Косово му е потребно сеопшто движење за да го запре уривањето што го врши Курти“.

ЕУ во саботата, на 1 јули, соопшти дека стапуваат на сила санкции кон Косово поради непреземањето дејствија за средување на состојбите на северот на земјата. Брисел информира дека се суспендирани работата на органите на Советот за стабилизација и асоцијација и програмата на ИПА-фондовите. Исто така се откажуваат и билатералните средби со претставници на косовските власти, освен оние кои се однесуваат на спроведување на договорите со Србија и на изнаоѓањето решение за косовскиот север.

Брисел инсистира Приштина да го спроведе планот од три точки што го предложи ЕУ, а со кој се бара смирување на тензиите на север, одржување нови градоначалнички избори во четирите општини со мнозинско српско население и враќање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ.

Претходно, поради некооперативноста на Курти во изнаоѓањето решение за споровите со Белград и со косовските Срби, САД ги исклучија Безбедносните сили на Косово од меѓународната воена вежба „Дефендер Јуроп 2023“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клинтон ја оцени ситуацијата на северот на Косово како „глупост“ и повика да се одржат нови избори

Следно

Косовската опозиција ја прекинува комуникацијата со премиерот Курти и претседателката Османи

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop