Поради ограничувањата на Израел, само 75.000 луѓе можеа да ја извршат последната петочна молитва за Рамазан во Ал Акса

March 28, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Поради ограничувањата што ги воведе Израел за Палестинците кои доаѓаат од окупираниот Западен Брег, само 75.000 лица ја извршија последната петочна молитва за Рамазан во окупираниот Источен Ерусалим, известува Анадолу.

Според соопштението што го објави Администрацијата на исламските фондации во Ерусалим, околу 75.000 луѓе присуствувале на последната петочна молитва за Рамазан во Месџид Ал Акса.

Палестинците од утринските часови тргнаа кон џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим и покрај ограничувањата што ги воведе израелската полиција.

Израелската полиција постави барикади во областите околу Стариот град во Источен Ерусалим, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса, и изврши проверки на идентитетот и претрес на некои Палестинци.

Израелската полиција дополнително префрлила засилување од најмалку 3.000 полицајци во Источен Ерусалим.

Некои Палестинци по петочната молитва останаа во џамијата Ал Акса за таму да го прекинат постот.

Минатата година на петочната молитва за време на Рамазан присуствувале повеќе од 120.000 лица, а во 2023 година 250.000. Денешниот број е евидентиран како најмал број во последните две години.

– Услов за Палестинците од Западниот Брег, „бариери, ограничувања, враќање во вечерните часови“

Израелските власти на почетокот на Рамазан објавија дека на ограничен број жени на возраст над 50 години и мажи над 55 години ќе им биде дозволено да доаѓаат од Западниот Брег.

Израелските медиуми објавија дека на 10.000 Палестинци од Западниот Брег ќе им биде дозволено да одат во Ал Акса.

Палестинците од окупираниот Западен Брег изјавија дека биле принудени да чекаат на контролните пунктови додека се обидувале да стигнат до Ал Акса, додавајќи дека многумина биле одбиени и покрај тоа што биле на соодветна возраст и дека биле условени до вечерните часови да го напуштат Ерусалим и да се вратат на Западниот Брег.

Палестинците изјавија дека израелската Армија им издавала еднодневни дозволи на оние кои доаѓаат од окупираните територии, за што платиле 250 израелски шекели (околу 3.900 денари) и дека морале да дојдат на контролните пунктови до 17:00 часот и да остават отпечаток од прст.

Израелската полиција ги зголеми ограничувањата и пречките за петочната молитва во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим, особено по 7 октомври 2023 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Треба една институција, а не десет – системот на доверба не функционира, секој гледа да го изигра

Следно

Завод за статистика на Србија: Државата трета деценија е во депопулација

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и
Go toTop