Поради нападите на Хусите во Црвеното Море пренасочени 170 контејнерски бродови, 35 запрени

December 22, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американската бродска компанија „Flexport Inc.“ објави дека речиси 170 бродови се пренасочени од теснецот Баб ел-Мандеб во Црвеното Море, а 35 бродови се запрени и чекаат инструкции од нивните компании, јавува Анадолу.

Според соопштението на компанијата со седиште во Сан Франциско, околу 170 контејнерски бродови се пренасочени околу Африка, а 35 други бродови се закотвени поради нападите во Црвеното Море.

Хусите во Јемен продолжуваат со своите закани дека ќе ги напаѓаат бродовите поврзани со Израел кои минуваат низ теснецот, кој се наоѓа јужно во Црвеното Море, во знак на солидарност со Палестинците во бомбардираниот Појас Газа.

Превозните компании ги пренасочуваат бродовите низ ‘Ртот на Добрата Надеж за да избегнат потенцијални напади, со што имаат повисоки транспортни трошоци и продолжено време за испорака.

Денес, „Блумберг“ објави дека „трошоците за транспорт на стоки во контејнер од 40 метри од Азија до северна Европа скокнале за 16 отсто во текот на изминатата недела и се зголемени за 41 отсто во декември, според Светскиот индекс на контејнери објавен вчера. Паралелно на тоа скокаат и сметките за гориво, при што некои големи нафтени компании и компании сопственици на танкери велат дека ќе го избегнуваат јужниот дел на Црвеното Море.

Според извештајот на „Блумберг“: „На краток рок, тоа ќе ги зголеми трошоците и ќе предизвика неколкунеделни доцнења, а може да доведе и до зголемување на цените на одредени стоки.“

Овие тензии настануваат во еден од најфреквентните периоди од годината за извоз од Кина, бидејќи трговците на мало ги надополнуваат залихите по празниците и пред затворањето на кинеските фабрики за празниците за претстојната Лунарна нова година во февруари.

На 19 ноември, Хусите во Јемен објавија дека го заплениле бродот „Галакси лидер“, товарен брод во сопственост на израелски бизнисмен, во Црвеното Море, а потоа го донеле до јеменскиот брег.

Хусите предупредуваат дека цел им се бродовите во сопственост или управувани од израелски компании, „поради солидарност со Палестина“, и ги повикаа земјите да ги повлечат своите граѓани кои работат во екипажите на овие бродови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг: Путин засекогаш ја загуби Украина, таа е поблиску до НАТО и ЕУ од кога било досега

Следно

Меџити: За кратко време ќе имаме повеќе од 10 лека ставени на позитивната листа

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop