Попов: Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината, затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда

February 7, 2025
1 min read

Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално злоупотребување и пооигрување со лични судбини, притоа надополнети со лаги и неточни информации, би сакал да ги изразам своите мисли и да го поделам моето гледиште за ситуацијата, објави Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собрание на Република Македонија.

Точно е дека пред 11 години, кога бев на 18-годишна возраст, направив грешка која, за жал, имаше последици. Бев осуден за тоа и целосно ги прифатив последиците од моите дејства. Беше многу тежок период за мене и за моите најблиски. Во меѓувреме, ги исплатив сите штети кон лицата кои беа засегнати од моето недолично однесување. Таа грешка беше не само за мене, туку и за сите околу мене, и беше навистина важна лекција во мојот живот.

Мора да нагласам дека, по таа случка, никогаш повеќе во животот не сум возел. Никогаш не сум повторил никакво слично дејство, и дури и денес, по 11 години, не сум положил за возачка дозвола, затоа што сметам дека на безбедноста на патиштата треба да се гледа со најголема сериозност и одговорност.

Така што, кога се зборува за тоа дека наводно сум прегазил жена на улица, би сакал да ја исправам оваа теза. Случајот во кој беше вмешано моето име не беше таков. Се случи сообраќајна несреќа, судар со друго возило, кој резултираше со повреда на жена која се возела во другото возило. Оваа ситуација нема никаква врска со наводните изјави и не може да биде поистоветена со трагедијата која ја доживеа Фросина. Не постојат никакви сличности помеѓу мојата ситуација и тоа што се случи со неа.

Верувам дека целта на луѓето кои ги шират овие обвиненија не е вистински да ги истражат фактите и да го прикажат вистинскиот развој на настаните, туку се обидуваат да создадат изговори за политички поени и манипулации во овие сензитивни моменти. Ова е неприфатливо и не е фер во однос на мојата личност, која веќе се соочила со последиците од своите грешки и се труди да биде одговорна, да ги поправи своите дејства и да направи добро за општеството.

Од таа моја грешка до денес поминаа 11 години, или 132 месеци, или 4015 денови, а јас извлеков поука. Од овие години 7 имаа СДС и нивните ортаци од шарената револуција Левица. Можеа да го преиспитаат случајот или да покренат нов. Но се е јасно и вистината е таа. Останува само горкото чуство дека лешинарски се обиодуваат да поентираат во отсуство над други теми и автентична политика. Жалам што така ја сфаќаат политиката и уште повеќе жалам што ги злоупотребуваат ваквите судбини.

-Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината. И токму затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда, бидејќи само на тој начин може да се донесат прави одлуки и да се изгради едно пофер општество, потенцира Попов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица

Следно

Mицкоски: Ќе се реши проблемот со Колска, а во понеделник вработените ќе добијат плата

Latest from Blog

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина
Go toTop