Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин

October 6, 2024
1 min read

Градоначалникот на хрватскиот град Карловац, Дамир Мандиќ, денеска изјави дека од поплавите вода влегла во 25 семејни куќи, а многу дворови и деловни објекти претрпеле штета. Најтешка е состојбата во Бродарици и Борлин, како и на левиот брег на реката Купа.

Иако штетата е значајна, Мандиќ рече дека не се очекува прогласување на елементарна непогода, пренесува порталот Индекс.

-Штетата ќе ја процениме утре, но веќе сега знаеме дека не е толку голема како претходните години, изјави Мандиќ.

Тој нагласи дека водостојот паднал, граѓаните добиле сушачи за простории, а утре ќе се санира теренот. – Верувам дека до понеделник ќе имаме нормални услови за живот, истакна Мандиќ. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Јабланица почна тридневна жалост

Следно

Мицкоски објави мега мерка: Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Latest from Blog

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација
Go toTop