Поплавени бројни општини во Република Српска, прогласена вонредна состојба во Приједор

March 30, 2025
1 min read
 
Поради врнежите поплавени се бројни општини и градови во Република Српска. Во Лакташи, Градишка и Челинац е прогласена вонредна состојба поради покачување на нивото на реките, но, според последните податоци, нивото на водата се намалува, пренесува Политика.

Вонредна состојба за одбрана од поплави е прогласена и во Приједор. Синоќа беа поплавени повеќе станбени и помошни објекти во населбата Приједор Гомјеница, јави Радоио телевизија Република Српска (РТРС).

Водата навлезе во неколку домаќинства, поплави земјоделско земјиште, а поплавени се и занаетчиски работилници. Од синоќа на терен се припадниците на Територијалната противпожарна и спасувачка единица Приједор, кои со чамци и противпожарна опрема им помагаат на мештаните.

Поради излевање на вода на коловозот и одрони, во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Костајница-Козарска Дубица на излезот од Костајница и во градот Шпиља, соопшти Автомото сојузот. Водостојот на реката Уна се зголемува и го надмина нивото за вонредна одбрана од поплави, изјави за РТРС Александар Пашиќ, портпарол на општина Костајница.

Браниме куќи во долниот дел на општината, распоредени се вреќи и внесени се дополнителни пумпи“, рече Пашиќ. „Ноќта помина мирно и немаше барања од граѓани“, изјави Срѓан Келечевиќ од Цивилната заштита Лакташи.

На подрачјето на општина Србац поплавени се триесетина куќи, главно во селата Лијевче поле покрај левиот брег на реката Врбас. Обновена е патната комуникација од Србац до Дервента, која беше во прекин, јавува Танјуг.

Состојбата во Бања Лука се стабилизира, реките Врбас и Босна опаѓаат. Ноќта помина мирно, не добија повици од граѓани, а екипите на итната помош беа на терен цела ноќ, изјави за РТРС Петар Чанковиќ од Одделот за цивилна заштита во Бања Лука.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во штипската клиничка болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани

Следно

Напад со нож врз деканката на Филозофскиот факултет во Ниш

Latest from Blog

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.
Go toTop