Попладнево Скопје колабираше сообраќајно (ФОТО)

December 22, 2023
1 min read

Сообраќајни гужви, чекање по речиси еден час во место, исклучени семафори – ваква е состојбата попладнево во централното градско подрачје на Скопје. Од Аеродром, Расадник и Карпош до центарот на Скопје се патува речиси еден час. Последниот викенд пред Нова година и дождот си го направија своето.

„Во 4.15 влегов во Скопје, во 15 до 6 влегов дома – град со ваков сообраќај треба да се затвори“, вели еден од корисниците на „X” мрежата.

Дел од твитерџиите обвинија дека покрај дождот причина за гужвата во Скопје е и фактот дека во петок попладне се украсува градот на најфрефентните локации. 

Според Министерството за внатрешни работи, одговорни за сообраќајниот хаос се градските власти. 

„Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“, се вели во соопштението од таму. 

На оваа тема на социјалните мрежи се огласи и пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ кој обвини дека Скопје е во хаос поради возилата на функционерите.

Попладнево преку нашиот инстаграм профил ги прашавме инстаграмџиите што според нив е причината за гужвата во Скопје. 

Најголемиот дел сметаат дека метежот и сообраќајниот хаос се предизвикани од лошата сообраќајна инфраструктура. 

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бехтел и Енка“ сака да одземе земјиште кое е дури километар оддалечено од зацртаната траса за автопатот Прилеп – Битола

Следно

Ќе бараме од ВМРО-ДПМНЕ пратеничко и министерско место, вели Салиу

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop