Попладне не очекува нестабилно време со дожд, грмежи и град!

June 5, 2025
1 min read

Под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела (08.06)
времето ќе биде многу топло.

Денес и утре во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има и во
сабота.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температура ќе
биде во опаѓање.

Во Скопје, денес попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со
пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Утре во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува
поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слободан Унковски за наградата „Дејан Мијач“ за режисерски опус: Среќен сум и горд

Следно

Речиси два милиона муслимански верници се искачија на ридот Арафат како дел од годишниот аџилак

Latest from Blog

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски (ВИДЕО)

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град’’, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може
Go toTop