Поп Арсова и Мислими победници на трката „Водно 10К“

April 1, 2024
1 min read

Адријана Поп Арсова од АК Делта и Мухахид Мислими од клубот Ускана се победници на трката „Водно 10К“ одржана викендот во организација на „Семос Едукација“ и со техничката организација на Атлетскиот клуб Фортиус од Скопје.

– Стартот на трката беше од Средно Водно, се трчаше до манастирот „Свети Пантелејмон“ и назад, со вкупна должина од 6 милји, односно околу 9,6 км., а лани воведовме и штафета (2×5км) се трчаше по истата патека и на која исто така беа прогласени победници. Задоволни сме како организатори што секоја година има се повеќе и повеќе учесници кои го подржуваат спортот и рекреацијата, изјави за МИА Златко Јакимовски од АК Фортиус.

На трките учествуваа 450 учесници.

Покрај Мислими кој победи со време 30:59 минути на победничкиот подиум се искачија и членовите на клубот Делта, Александар Арсов и Атанас Анчевски.

Кај жените покрај Поп Арсова која победи со време 34:09 минути, на подиумот се најдоа и Милјана Ристиќ и Ирма Хајдари.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ф35-ки за Израел и црни падобрани за Газа

Следно

Нови позитивни ефекти на чоколадото врз здравјето

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop