Полскиот премиер предложи Туркије да преземе активна улога во започнувањето на руско-украинските мировни преговори

March 12, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Полска предложи Туркије да преземе активна улога во започнувањето на мировните преговори меѓу Русија и Украина, изјави полскиот премиер Доналд Туск денес во турската престолнина, јавува Анадолу.

На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, Туск рече дека Туркије и Полска сакаат мир уште од првиот ден на руско-украинската војна, додавајќи дека Варшава ги поздравува преговорите одржани во Саудиска Арабија оваа недела.

По нивниот состанок во Претседателскиот комплекс со разговори на високо ниво за билатерални и глобални прашања, Ердоган пред новинарите изјави дека Туркије и Полска се клучни сојузници позиционирани на источните и јужните крила на НАТО, командувајќи со двете најголеми копнени армии на Алијансата во Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 17 март

Следно

Кире Лазаров против Словенија ќе настапи во следниот состав (ФОТО)

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop