Полски МИГ-ови за Украина, само ако и Америка се вклучи

February 18, 2023
1 min read

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки најави дека неговата земја е подготвена да  донира борбени МИГ-ови ако САД прифатат да предводат поширока коалиција за трансфер на авиони во Украина.

„Денеска можеме да зборуваме за префрлање на нашите авиони МИГ како дел од поширока коалиција и ние сме подготвени за тоа. „Полска може да биде само дел од многу поголема коалиција со Соединетите држави како лидер“,

изјави Моравјецки.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки

Изјавата е дадена само ден откако полскиот претседател, Анджеј Дуда, порача дека во догледно време модерни борбени авиони треба да бидат испратени во Украина за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија.

Според Дуда постарите полски борбени авиони МИГ-29, кои се од времето на Советскиот Сојуз, може порано да бидат испратени во Украина зашто тоа се авиони со кои веднаш може да управуваат украинските пилоти, без потреба од дополнителна обука.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Русија: Го зазедовме населеното место Грјаникивка во областа Харков

Следно

Столтенберг предупредува на колебањето околу испораката на оружје за Украина

Latest from Blog

Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!

Фото: ФЦ Милан Х Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. Единствениот гол го постигна Лука Модриќ, кој дебитираше во дресот на својот

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот
Go toTop