Полска вс. Германија, судирот во срцето на Европа

May 3, 2023
2 mins read

За цело траење на војната највисоките полски функционери отворено ја критикуваат Германија дека тешко се решава да испорача воена помош за Украина, а и кога ќе се реши, тоа го прави многу споро. Тие им памтат на Германците и тоа што изминативе две децении била игнорирана полската загриженост дека Германија станува премногу енергетски зависна од Москва.  Пред Патриот да стигне во Полска, полските политичари инсистираа тој да биде испратен на украинска територија каде според нив е многу попотребен.

Германски аналитичари објаснуваат дека тензиите околу Украина се должат на фундаменталната разлика во перспективата што ја имаат двете држави: „За канцеларот, најголемиот страв е неконтролирана ескалација и руската закана со нуклеарно оружје. Додека во полската дебата, перцепцијата е поинаква, таму стравот е дека руски тенкови ќе влезат во Варшава.“

Паралелно со сè што се случува низ светот, полската влада започна и правна постапка против Германија во која бара плаќање на отштета за Втората светска војна, а во 2021 првиот човек на владејачката полска партија, ПИС, ја обвини Германија дека се обидува да ја претвори ЕУ во „четвртиот германски Рајх“.

Германија ваквите критики главно ги толкува како обид на ПИС да заработи изборни поени на грбот на Германија, посебно пред изборите закажани за есенва, и дека за нив победата на изборите е многу поважна отколку да се има конструктивна врска со Германија.

Варшава и пред војната беше во отворен конфликт со ЕУ, што сега само е префрлен во втор план, едно околу милијарди евра што ги чека од фондот за закрепнување од пандемијата, друго за мешањето на ЕУ во внатрешни работи на земјата.

Процената на полски експерти и поранешни функционери е дека Полска треба престане да отвора непотребни кавги и наместо тоа да размислува околу смирување на топката со Германија и ЕУ, доколку сака да добие лидерска улога во Унијата.

Ваквата напнатост на Полска кон Германија, германскиот амбасадор во Варшава ја објаснува со асиметријата во односите меѓу двете држави:

„Постои одредена асиметријата бидејќи за секој Полјак, Германија е стандардот додека за најголемиот дел Германци, Полска е само еден од соседите. Полјаците ја презираат оваа асиметријата во вниманието и секако не се гледаат себе си како мала нација.“

Од германска страна помирувачкиот став гласи дека голем број германски и ЕУ институции се полни со арогантни жители на Западна Германија кои и понатаму со понижување гледаат на Полјаците како од времето на Студената војна. Германскиот пратеник и владин координатор за германско-полска соработка Дитмар Нејтан, порачува дека и Германците треба да се воздржат од тоа секој проблем што доаѓа од Полска да го припишуваат на популизам.

На терен во Полска Фајненшл тајмс разговара со командант на германските сили во земјата, според кого постојат политички тензии „ама тие тука не се чувствуваат, ако било што, јас сум изненаден од проактивната помош што ја добивме од Полјаците, кои подготвија сè за нашето пристигнување побрзо отколку што мислев дека може да се направи.“ Слично е расположението и меѓу локалците во градот Замошќ, каде што се стационирани германските војници, кои објаснуваат дека им е сеедно дали се германски, американски или други НАТО војници кои минале време таму.

Првичниот договор е Патриот системите да останат во Полска до јуни. Допрва ќе треба да се одлучи дали овој рок ќе биде продолжен.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Авторски концерт на Љупчо Коскаров во организација на „Охридско лето“

Следно

Чавушоглу: Во Москва на 10 мај состанок на министрите за надворешни работи на Туркије, Русија, Сирија и Иран

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop