„Полска ќе ја води повоената обнова на Евроазија“

June 28, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Полска сега е хуманитарна суперсила и ќе ја предводи повоената обнова на Евроазија, порача денес од Варшава американскиот амбасадор во Полска, Марк Бржежински, јавува Анадолу.

„Ова е каталитички момент што може да ја преобликува не само Централна и Источна Европа, туку и целата евроазиска област“, рече Бржежински на конференцијата организирана од Американската стопанска комора.

Обновата на Украина веројатно ќе чини 1 билион долари, рече тој. „Ова ќе создаде можности и многу брзо може да видиме момент кога послабите делови од поранешниот советски блок ќе се издигнат на полско ниво.“

Тој понатаму порача: „Полска е 100 проценти безбедна и сигурна, овде имаме илјадници американски војници. Сакам да го нагласам тоа. Американскиот претседател Џо Бајден лично ми кажа дека НАТО ќе ја заштити секоја педа полска земја.“

Бајден ја посети Полска во февруари на првата годишнина од војната на Русија во Украина.

Енергетската безбедност, рече амбасадорот, е национална безбедност.

„Дури и пред руското вепонизирање на енергијата, Полска се оддалечуваше од руската енергетска зависност“, истакна тој и додаде:

„Ние во САД ги поддржуваме (енергентите како) течниот природен гас, енергијата од ветрот и малите модуларни реактори. Вестингхаус, кој работи на првата полска нуклеарна централа, претставува историско партнерство што ќе ги дефинира нашите односи со децении“, додаде Бржежински.

Вашингтон игра важна улога во поддршката на безбедноста на Полска од почетокот на војната во Украина. Во јуни 2022 година Бајден најави формирање на постојана американска воена база во Полска, прва на источното крило на НАТО.

Варшава купуваше и оружје од САД, меѓу кое и тенкови Абрамс, ракетни системи Патриот и ракетни фрлачи ХИМАРС, додека САД се примарен извор на течниот природен гас што Полска го користи за замена на увозот на руски енергетски резерви.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сити се повлече од трката за Рајс, Арсенал ќе урне британски трансфер рекорд!

Следно

Европската комисија предлага воведување дигитално евро, банките загрижени

Latest from Blog

Утре вонредна седница на Владата

Владата утре ќе одржи вонредна седница со почеток во 11 часот. Според најавите, на седницата, ќе се разговара за состојбата со бензините пред можното ново покачување на цените како резултат на растечките

Македонската армија ќе добие нови пушки од САД

Македонија е меѓу земјите кои ќе добијат ново пешадиско вооружување во рамки на договор што го додели Пентагон на американската компанија Colt’s Manufacturing Company, со максимална вредност од 40,86 милиони долари. Како

„Милионерите“ со два гола во судиско продолжение до три бода

фото: Borussia Dortmund (X) Фудбалерите на Борусија (Д) ја забележаа четвртата последователна победа во Бундеслигата, бидејќи вечерва како гости го совладаа тимот на Штутгарт со резултат од 0:2. „Милионерите“ продолжија со потера
Go toTop