Полска ќе ги задржи граничните контроли со Германија поради загриженост за миграцијата

July 11, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Полска објави дека ќе продолжи со граничните контроли со Германија сè додека Берлин ги задржува своите, повикувајќи се на потребата од „симетрија“ во спроведувањето на политиките за миграција, јавува Анадолу.

Премиерот Доналд Туск вчера изјави дека полската Влада нема да дозволи нелегални мигранти да влезат во земјата, нагласувајќи дека само лица со законско одобрение ќе може да ја преминат границата, пренесе ТВП Ворлд.

„Полска ќе им дозволи влез само на оние што имаат право на престој и им е одобрен влез во земјата од Владата. Ерата на целосна отвореност заврши и тоа не по наша вина“, рече Туск.

Говорејќи за сè поголемата загриженост за миграцијата, Туск нагласи дека полската политика е во согласност со поширокиот европски тренд на заострување на граничниот надзор, додавајќи дека и Германија се соочува со слични предизвици.

„Ќе продолжиме да водиме строга миграциска политика, дури и кон нашите германски соседи. Канцеларот (Фридрих) Мерц, исто така, го разбира тоа. И тој има свои проблеми – проблеми со крајната десница, проблеми со миграцијата“, изјави Туск.

Посочувајќи дека Полска нема намера неоправдано да ги продолжува граничните проверки, премиерот истакна дека Варшава ќе одговори во согласност со германските постапки.

„Дефинитивно нема да ги продолжуваме граничните контроли повеќе од потребното. Но нема ни да ги укинеме додека другата страна ги задржува. Тоа ќе биде симетрично“, додаде тој.

Неодамна Германија ги продолжи привремените гранични контроли со Полска, повикувајќи се на потребата да се намалат нерегуларната миграција и организираниот криминал.

Според Полската гранична служба, во првите шест месеци од годинава биле регистрирани над 4.600 нелегални преминувања на границата со Германија, од кои најголем дел се граѓани на Украина (40%), а другите се од Авганистан, Сомалија, Сирија, Грузија и Колумбија.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, над 850 мигранти што нелегално влегле во Германија преку Полска годинава пристигнале преку Белорусија.

Според Даблинската регулатива, азилот за мигрантите што не се од ЕУ треба да се обработува во првата земја членка на Унијата во која ќе влезат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пукање во Батинци – едно лице повредено од огнено оружје

Следно

Му подари дрес и срдечно се прегрнаа: Дали Модриќ го „одреди“ својот наследник во Реал?

Latest from Blog

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,
Go toTop