Полска гради ветероелектрана во Балтичкото Море, вредна 4,73 милијарди евра

August 11, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Со цел да се забрза енергетската трансформација, полската државна енергетска компанија Орлен најави дека до 2026 година во Балтичкото Море ќе изгради ветероелектрана со капацитет од 1,2 гигавати, вредна 4,73 милијарди евра, пренесува Анадолу.

Во соопштението на компанијата се наведува дека Надзорниот одбор вчера го одобрил проектот наречен „Балтичка сила“.

Според официјалните лица, градежните работи на ветероелектраната во Балтичкото Море ќе започнат оваа година, а централата ќе биде пуштена во употреба во 2026 година.

„Орлен радикално ќе ги прошири своите активности во областа на обновливата енергија за да достигне девет гигавати инсталиран капацитет до 2030 година“, изјави Даниел Обајтек, извршен директор на групата Орлен.

Проектот има за цел да ги задоволи потребите за електрична енергија на повеќе од 1,5 милиони домаќинства.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Пендаровски ја прими американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер

Следно

Кај с. Истибања пронајдено безживотното тело на 27-годишен маж

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop