Полска го суспендира увозот на украинско жито најмалку до јули

April 9, 2023
1 min read

Украинското жито ќе има дозвола само за транзит низ Полска „најмалку до јули“, изјави денеска полскиот заменик министер за земјоделство, Јануш Ковалски.

Украинско-полскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во Полска поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска, рече Ковалски.

– Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна, рече тој.

Полските земјоделци протестираа против големиот прилив на украинско жито бидејќи го сметаат за закана за нивниот домашен пазар, објави „Киев Индипендент“.

Евтиното украинско жито го преплави пазарот на ЕУ од почетокот на рускиот напад, а со помош на ЕУ се избегнати царините и увозните квоти со цел украинскиот земјоделски сектор да се одржи функционален.

Ниските цени на житото беа примамливи за локалните купувачи и трговци, оставајќи ги настрана локалните производители. Несогласувањето меѓу двете земји беше решено за време на посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски на Полска на 5 април.

– Разговаравме за прашања кои се однесуваат на полските и украинските фармери. Најдовме решение, рече тогаш Зеленски. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шумски пожари веќе три недели пламтат на северот на Шпанија

Следно

„Плачи, твоето дете нема да се роди“: Оваа реченица е причината за тепачката меѓу славните фубалери?!

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop