Полска ги подигна борбените авиони и ги затвори аеродромите поради руските напади

September 28, 2025
1 min read

Полска ноќеска, поради интензивниот напад на Русија со ракети и дронови врз Украина, ги затвори аеродромите во Љублин и Жешув и ги подигна своите и сојузничките борбени авиони, соопшти Оперативната команда на армијата.


Аеродромите во Љублин и Жешув, кои се клучни за транспортот на западната помош за Украина и важни логистички точки за НАТО, остануваат затворени. „Полетаа дежурните парови борбени авиони, а системот за противвоздушна одбрана и радарските системи се ставени во највисока готовност. Овие мерки се превентивни и силите се подготвени за итна реакција“, наведува командата.

По упадот на дваесетина руски дронови во ноќта на 10 септември и по подоцнежните инциденти со руски воени авиони, кај Полјаците расте убедувањето дека армијата треба да реагира и да ги соборува руските летала. Според анкета на порталот Onet.pl, 67% од граѓаните бараат соборување на руските авиони кога ќе го нарушат полскиот воздушен простор, додека само 8,7% сметаат дека не треба да се реагира. Во друга анкета, 74% од испитаниците сметаат дека американскиот претседател Доналд Трамп требало поодлучно да реагира на упадот на дроновите.


Јавноста беше шокирана и од изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека кон Полска биле испратени 92 руски дрона, но поголемиот дел биле соборени над Украина. Белорускиот претседател Александар Лукашенко додаде дека некои дронови навлегле во Полска од територијата на Белорусија.

Дека Полска ќе ги соборува руските авиони и дронови кои ќе навлезат во нејзиниот воздушен простор најавија премиерот Доналд Туск и министерот за надворешни работи Радослав Сикорски. Туск, сепак, нагласи дека одлуката за соборување ќе се носи само ако и сојузниците во НАТО го оценат леталото како закана, а не како грешка или краткотрајна провокација.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Наумоф: Македонците од дијаспората мораме да бидеме обединети, инвестирајте по примерот на Крис Павлоски

Следно

Ѕвезда на ПСЖ сака да оди во Реал, парижаните порачаа: Може, но за најмалку 100 милиони евра!

Latest from Blog

Трамп: Разочаран сум од Путин, но не сум завршил со него

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е решен да ги одржи односите со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај растечката фрустрација, додавајќи дека „не завршил со него“. Трамп во неделата објави дека

Mицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на центарот на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека заедно со премиерот Христијан Мицкоски синоќа извршиле обиколка на главниот град, оценувајќи дека Скопје „конечно личи на метропола“. Според него, градот е почист, уреден и

Јан Палах се враќа дома

Едно рано утро во 1968 година, тогашната држава Чехословачка осамна окупирана од најбројната и најтешката тенковска механизација на тогашниот Советски Сојуз. Оваа „братска помош”, како што суптилно се изразија,  била со цел

Кривичниот законик не смее да биде засолниште за корупцијата, порачува ВЛЕН

Koалицијата ВЛЕН реагира дека измените на Кривичниот законик, донесени со европско знаменце од страна на тогашниот владин двоец ДУИ–СДСМ, не биле во интерес на европските интеграции, туку претставувале политичка алатка за заштита
Go toTop