Ѕвезда на ПСЖ сака да оди во Реал, парижаните порачаа: Може, но за најмалку 100 милиони евра!

September 28, 2025
1 min read
Фото: ПСЖ Твитер

Еден од клубовите со најголема куповна моќ во светот е Реал Мадрид, а тие тоа често знаат и да го искористат. Актуелниот тим на „кралскиот клуб“ исто така изгледа исклучително моќно, со многу големи фудбалски имиња во составот.

Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Трент Александер-Арнолд, Родриго се само дел од нив.

Сепак, Реал Мадрид е клуб со огромни амбиции и секогаш сака да оди едно скалило погоре. Зимскиот преоден рок сè уште е далеку, но веќе започнаа шпекулации за можни трансфери.

Сега шпанските медиуми, ја пренесуваат вистинската „бомба“ поврзана со ѕвездата на ПСЖ – Витиња.

Според овој извор, Португалецот е многу заинтересиран Париз да го замени со Мадрид, односно ПСЖ со Реал.

Сепак, пречка за овој трансфер би можела да биде сумата што „светците“ ја бараат за услугите на 25-годишниот играч. „Фичајес“ тврди дека од ПСЖ порачале дека би го пуштиле Витинја, но не за помалку од 100 милиони евра.

Како што веќе напоменавме, Реал Мадрид има голема финансиска моќ, но овој залак може да биде преголем дури и за нив.

Инаку, Витиња стана член на ПСЖ во 2022 година, кога пристигна од редовите на Вулверхемптон.

Минатата сезона Португалецот буквално „експлодираше“ и играше феноменално, со што го освои третото место на листата за добитник на годинашното издание на Златната топка.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полска ги подигна борбените авиони и ги затвори аеродромите поради руските напади

Следно

Крвава свадба во Шибеник: Жена била погодена во глава со сигнална ракета, веднаш починала

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop