Полска до јули го суспендира увозот на жито од Украина

April 9, 2023
1 min read

Полско-украинскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во земјата поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска

Украинското жито, до јули, само ќе транзитира преку Полска до трети земји, изјави Јануш Ковалски, заменик-министер за земјоделство на Полска.

Според Ковалски, полско-украинскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во земјата поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска.

„Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна“,

рече тој.

Полските земјоделци активно протестираат против значителниот прилив на украинско жито поради заканата за нивниот домашен пазар, објави „Киев Индипендент“.

Евтиното украинско жито го преплавува пазарот на ЕУ од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, потпомогнато од Европската унија со откажување од царинските давачки и увозните квоти за да продолжи да работи земјоделскиот сектор во Украина.

Ниските цени на житото се покажаа премногу примамливи за локалните купувачи и трговци, оставајќи ги настрана локалните производители. 

Спорот, наводно, бил решен за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Полска на 5 април, за време на која тој се сретна со највисоките полски претставници.

„Разговаравме за прашањата во врска со полските и украинските фармери. Најдовме решение“,

рече Зеленски.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

УЖАС го вознемири светот денес: Убиено цело семејство, меѓу жртвите има и дете

Следно

Семинар „Вовед во критичка психологија“ со проф. др. Атанасиос Марвакис во КСП Центар Јадро

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop