ПОЛИЦИЈАТА УБИ ИНФЛУЕНСЕР: „Почина во ужасен инцидент“

November 13, 2025
1 min read

Инфлуенсерот Мајкл
Дуарте
, познат по своите кулинарски видеа на профилот @foodwithbearhands,
почина во саботата додека патувал низ Тексас, се наведува на страницата за
донации GoFundMe.

Во објавата на GoFundMe се вели дека тој „починал во
ужасен инцидент“.
Агенцијата за таленти која го
застапувала Мајкл, исто така изрази сочувство, опишувајќи го како „посветен
сопруг на својата сопруга Џесика, сакан татко на ќерката Оукли, брат и верен
пријател на многумина ширум светот“.

Со повеќе од два
милиони следбеници
на Instagram, TikTok, Facebook и YouTube, Дуарте беше
познат по своите видеа за храна — споделуваше рецепти, снимки од скара и
готвење, секогаш со насмевка и непосредност.

Полицијата
го застрела по закани

Како што пренесува TMZ, полицијата во Тексас го
застрелала и усмртила Дуарте откако наводно се заканувал дека ќе убие луѓе.

Според канцеларијата на шерифот од округот Медина, на 8 ноември во градот Кастровил бил примeн
повик за вознемирување во кое бил вклучен „маж со нож кој се однесувал
непредвидливо“.

Кога заменикот на шерифот пристигнал на лице место, Дуарте
му при
шол со закана, и покрај тоа што повеќепати му било наредено да легне на
земја. Св
едоци тврдат дека извикал: „Ќе те
убијам!“.
Тогаш заменикот на шерифот испукал два
куршума
од своето службено оружје и го погодил Дуарте.

Му била укажана итна медицинска помош на самото место, по што бил пренесен во Универзитетската болница во
Сан Антонио, каде што лекарите само можеле да констатираат смрт.

Од мал
ресторан до интернет-ѕвезда

Страста на Дуарте кон храната започнала уште во
тинејџерските години. На 14-годишна
возраст
работел во мал мексикански ресторан во својот роден град Калипатрија,
заедно со својот вујко, кој му бил и прв ментор. Токму таму се родила неговата
љубов кон готвењето.

Подоцна работел во повеќе ресторани во областа Сан Диего, а
за време на пандемијата на ковид-19 решил да направи пресврт – дал отказ и
целосно се посветил на снимање кулинарски содржини за социјалните мрежи.

Во интервју за People, Дуарте откри дека првото видео
го снимил со ќерка си:

„Тогаш сфатив колку ме прави среќен создавањето содржина. Со
тек на време разбрав дека тоа не е само хоби, туку нешто што може да прерасне
во вистинска работа – нешто поголемо од мене самиот,“ изјавил тој.

Иако во еден период се борел со проблеми со менталното здравје и бил на рехабилитација, по
закрепнувањето се вратил на она што најмногу го сакал — готвењето пред камера и споделувањето радост со публиката.

„Неговата
топлина се чувствуваше во секоја средба“

Од агенцијата Alooma Media Group, која го застапуваше
Дуарте, изразија длабока жал поради неговата смрт:

„Покрај професионалните успеси, Мајкл беше посветен сопруг,
грижлив татко, сакан брат и одан пријател. Неговата топлина, љубезност и
дарежливост се чувствуваа во секоја интеракција – имаше посебен начин да ги
натера луѓето околу себе да се чувствуваат видени, ценети и инспирирани.
Неговото заминување е огромна загуба за сите што го познаваа.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Еурактив“: Дали Белгија станува првата „нарко-држава“ во Европа?

Следно

НОВ, „ПОБЕДНИЧКИ“ ТИМ: Лузерот Филипче ќе го номинира губитникот Трајановски за потпретседател на СДСМ

Latest from Blog

По речиси 90 години, Галуп веќе не ја мери поддршката за американските претседатели

„Галуп“, пионер во анкетите за поддршка на претседателите во Соединетите Американски Држави од 1930-тите, го менува својот фокус поради растечките закани од сегашниот претседател Доналд Трамп против анкетарите кои објавуваат неповолни резултати.

Викендов врнежи од дожд и заладување

Променливото време продолжува да доминира низ Македонија. Според најновите метеоролошки податоци, претстојниот викенд ќе донесе дестабилизација, врнежи од дожд и забележително заладување. Врнежи: Се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на места

Корубин: Системски се губат критериумите поради кои Охрид е ставен на листата на заштитени подрачја

Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени

Кикс на Арсенал кај Брентфорд, сега Сити е само на -4!

ФОТО:facebook.com/brentfordfootballclub1889/ Арсенал не успеа да победи на гостувањето кај Брентфорд, бидејќи одигра само 1:1 во 26-то коло од Премиер лигата, намалувајќи ја својата предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити на само

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на
Go toTop