Полицијата на ТРСК: Повредени осум полицајци во судир со мировните сили на ОН

August 19, 2023
2 mins read

НИКОЗИЈА (АА) – Полицијата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) денес потврди дека осум полицајци се повредени во судир со мировните сили на Обединетите нации (ОН) поради тензии околу паркирање во Зелената линија која е под контрола на ОН, и која го дели островот на северна и јужна половина, јавува Анадолу.

„Судирот меѓу полицајците на ТРСК и мировните сили на ОН се случи во петокот околу 09:00 часот на патот Пиле-Јигитлер, кој е во изградба и се проширува“, соопшти Генералната управа на полицијата на Турската Република Северен Кипар.

Во соопштението се додава дека силите на ОН намерно ги паркирале возилата на патот и го блокирале пристапот до тоа подрачје со цел да ја спречат изградбата на патот со непочитување на безбедносните мерки наметнати од Генералната управа на полицијата.

Осумте повредени полицајци се пренесени во блиската болница, од каде по укажаната помош се пуштени.

– Значењето на изградбата –

Проширувањето на патот Пиле – Јигитлер е стратешки важно за локалното население бидејќи ќе му даде повеќе можности да стигнат до селото Пиле, каде што заедно живеат Турци и кипарски Грци.

Граѓаните на градот Бејармуду, последниот граничен премин од турска територија до Пиле, рекоа дека патот, проект кој се подготвува за премин од селото Јигитлер во Пиле, без контакт со британската база и Администрацијата на кипарските Грци на Јужен Кипар, ќе имаат корист оние кои живеат во пограничните подрачја.

Гурај Кафа, кој има куќа на Зелената линија, за Анадолу изјави дека секој ден патува од зоната на судир до Бејармуду на работа, но дека преминувањето од Зелената линија на територијата на ТРСК е тешко поради британската база.

Кафа тврди дека силите на ОН намерно го попречуваат патот до селото без да обезбедат алтернатива.

„Кога ќе заврши изградбата на патот тоа ќе биде од голема корист за граѓаните. Овој пат нема да минува низ британските бази или територијата на кипарските Грци, а на премините нема да има британски војници“, рече тој.

– Пократко патување –

Емрах Ескимухтароглу, кој исто така живее на ова подрачје, ја истакна важноста на проектот не само за жителите на Пиле, туку и за кипарските Турци кои имаат куќи и земјиште на Зелената линија, укажувајќи на потешкотиите при преминувањето на граничниот премин Бејармуду поради британската база.

„Не можеме да одиме во Пиле или други подрачја кога сакаме“, рече тој.

Ги критикуваше мировните сили на ОН што не дозволуваат турските граѓани и луѓето кои подоцна станале државјани на ТРСК да го посетат Пиле.

И администрацијата на кипарските Грци и ОН се противат на проектот за патот Пиле – Јигитлер, кој ТРСК почна да го спроведува во четвртокот.

Жителите на Пиле ќе можат да користат пократок пат и нема да мора да поминуваат низ британската база кога ќе преминат на турска страна кога ќе заврши изградбата и поправката на патот Пиле – Јитлер долг 11,6 километри.

Првите 7,5 километри од патот ќе минуваат низ Јигитлер, а останатите 4,1 километар ќе минуваат низ селото Пиле.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украинскиот претседател Зеленски во посета на Шведска

Следно

На извршителите не им одговара новиот закон – со 10.7% реализација на барањата, заработиле 4 милиони евра на грбот на граѓаните

Latest from Blog

Се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и Маврово – Дебар

Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, како и патниот правец Маврово –

Вреди: Албанците се будат, ДУИ пропаѓа!

Од коалицијата „Вреди“ вечерва испратија ново соопштение. Според нив, Албанците се будат, а ДУИ пропаѓа. „По постојаните демаскирања и анкети кои ја ставаат ДУИ во нон грата во слободен пад, партијата на

Снегот предизвика сообраќаен хаос на Балканот, во Словенија го попречува спасувањето на двајца планинари

Снежното невреме низ Балканот денеска предизвика сообраќаен хаос, затвори училишта и остави илјадници домови без струја во Хрватска и Босна, додека лошото време во Словенија ги попречува напорите за пронаоѓање на двајца

Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд

Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за
Go toTop