„ПОЛИТИКО“ – ЦРНА ГОРА И ИСЛАНД МОЖАТ ЗАЕДНО ВО ЕУ – Брисел отвара нова сцена за проширувањето

August 7, 2026
1 min read

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Според еврокомесарката за проширување Марта Кос, Исланд претставува „посебен случај“ бидејќи веќе е дел од Европскиот економски простор и Шенген зоната, што би можело значително да го забрза процесот. Таа оцени дека доколку граѓаните дадат поддршка за продолжување на преговорите, земјата би можела да го заврши патот кон членство за една до две години.

Висок претставник на Европската комисија вклучен во процесот на проширување оценил дека Исланд брзо би можел да ја стигне Црна Гора, која затворила повеќе од половината од 33-те преговарачки поглавја и има амбиција да стане членка во 2028 година.

Друг претставник на Комисијата рекол дека постои голема можност за заеднички пакет Црна Гора–Исланд, со кој земјите членки би го ратификувале пристапувањето на двете држави. Според него, Исланд како богата земја би бил нето-уплаќач во буџетот на ЕУ, додека Црна Гора би била меѓу најсиромашните членки.

Црногорската министерка за европски прашања Маида Горчевиќ изјавила дека Подгорица со задоволство би ја поврзала својата кандидатура со Рејкјавик, додека исландската министерка за надворешни работи Торгердур Катрин Гунарсдотир оценила дека заедничкото пристапување е „апсолутно“ можно.

Еден европски дипломат го опишал заедничкото членство како „најдобро сценарио“, додека друг оценил дека пакетот би можел да помогне и во обезбедувањето поддршка од Франција.

Кос истакнала дека ЕУ е подготвена да биде „креативна“ во преговорите со Исланд, особено во однос на специфичните прашања поврзани со рибарството и земјоделството.

Исланд ги замрзна преговорите со ЕУ во 2013 година, делумно поради спорот со Брисел околу риболовните права. Доколку преговорите повторно почнат и бидат успешно завршени, земјата ќе треба да одржи уште еден референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за самото членство во ЕУ.

Последните истражувања покажуваат дека Исланѓаните се поделени околу повторното отворање на преговорите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Највисокиот исплатен К-15 е 469.190 денари, задолжителниот минимум е 19.567

Следно

Дали е изненадување: Аргентина со поддршка за Инфантино!

Latest from Blog

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop