„Полиграф“: Кој дезинформираше дека Ајфеловата кула е во пламен?

January 29, 2024
1 min read

Дигитално изменети видеа и фотографии со кои се шират лажни вести ги преплавуваат секојдневно социјалните мрежи.

На 24 јануари 2024, ФБ страницата „Tv Star – Телевизија Стар“ објави видео пост со сензационалистички наслов „Се шират снимки од Ајфеловата кула во пламен“.

Во текстот од постот нема информација дека снимките се лажни, па повеќе читатели поверувале во тоа дека Ајфеловата кула е во пламен, што се гледа и од коментарите. Иако во видео прилогот од вестите на ТВ Стар се појаснува дека „содржината ја создала вештачка интелигенција“, ова не е содржано во сензационалистичкиот пост, што претставува „клик-бејт“ стратегија за привлекување читатели и кликови.

Сепак, неколку портали на 23 јануари 2024 известија дека „Ајфеловата кула не гори, тоа е само уште една шега на социјалните мрежи“, повикувајќи се на сервисот за проверка на факти на „Ројтерс“, а „Вечер прес“ објави и наслов „Снимки од Ајфеловата кула во пламен ги кренаа на нозе новинарите на Ројтерс/ВИДЕО“.

Иако „Ројтерс“ уште на 18 јануари 2024 предупреди за лажна фотографија која ја покажува „Ајфеловата кула во пламен“, вакви лажни фотографии и видеа ги преплавија социјалните мрежи, особено „тик-ток“.

И други проверувачи на факти ги анализираа виралните видеа, укажувајќи дека биле гледани десетици милиони пати. Сервисот за проверка на факти на АФП на 24 јануари 2024 објави дека дел од виралните фотографии и видеа се објавувани и во 2023 година, и дека станува збор за визуелни филмски ефекти или други дигитално изменети фотографии и видеа.

За поздравување е тоа што неколку портали во земјава ги известија читателите дека Ајфеловата кула не гори, повикувајќи се на веродостојни проверувачи на факти. И овој случај покажува колку е важна проверката на фактите, и дека и медиумите, и публиката треба да бидат крајно внимателни со вакви содржини, за да не наседнат на сензационалистички лажни вести.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОД ДЕНОТ КОГА ОВА ГО НАПРАВИЛ ВРЗ СЛИКАТА НА АРКАН МУ СЕ ГУБИ ТРАГАТА – тој му беше сè на Џеј Рамадановски, се верува дека го забетонирале во темел од зграда

Следно

Северна Кореја тестираше новa крстосувачкa ракета

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop