„Полиграф“: Дезинформација е дека Фуркан Салиу не е новинар според Агенцијата за медиуми

April 15, 2024
1 min read

По приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, тој стана мета на бројни невистини и дезинформации, како на социјалните мрежи, така и во медиумите.

На пример, во емисијата „Само вистина“ на 8 април 2024 година на ТВ Канал 5, гостинот Драган Павловиќ Латас тврдеше дека Фуркан Салиу не е новинар.

„Ако ги гледате фактите, кои се најбитни во суштина, значи, прво, Фуркан Алиу не е новинар… Салиу односно, не е новинар… Збориме според важечкиот Закон за медиуми, односно Агенцијата за медиуми…“, изјави тој во емисијата.

Но, тврдењето дека Фуркан Салиу не е новинар според Агенцијата за медиуми е неточно. Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, која според Законот за медиуми е надлежно регулаторно тело, на 7 април 2024 издаде соопштение во кое го ословува Салиу како „новинар“. Агенцијата реагираше и претходно, за физичкиот напад од страна на извршителка „врз новинарот Фуркан Салиу од ПорталИкс“.

Дека Салиу е новинар потврдуваат и реакциите на повеќе домашни и меѓународни медиумски и новинарски здруженија и организации.  За приведувањето реагираа Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, како и Институтот за медиуми и аналитика. За приведувањето на „основачот и новинар“ на PortalX реагираше и Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите.

Затоа, тврдењето на Драган Павловиќ Латас дека Фуркан Салиу не е новинар „според важечкиот закон за медиуми, односно Агенцијата за медиуми…“ е невистинито, и може да се оцени како дезинформација.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дневен хороскоп за 15 април 2024 година

Следно

Какви се беспилотните летала „камикази“ со кои Иран го нападна Израел?

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop