„Полиграф“: Дали е точно тврдењето дека професорката Ванковска била отсекогаш против НАТО?

February 20, 2024
1 min read

Кога има избори, на политичарите и кандидатите често им се случува да изнесат јавно ставови кои се спротивни од тоа што го тврделе во минатото.

На 14 февруари 2024, „Плусинфо“ објави текст со наслов: „МАКЕДОНИЈА НИШТО НЕ ДОБИ ОД НАТО, ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗЕ Ванковска вели дека референдумот од 2018 година дава правна основа за тоа“. Како што пренесува Плусинфо, професорката Билјана Ванковска, како кандидат на Левица за претседателските избори, изјавила: „Јас сум отсекогаш против НАТО, сум зборувала против зачленување во НАТО и сум била единствена можеби, покрај уште еден мој постар колега, тоа бил мој принципиелен став. И сум велела, дури и под уставно име – не за НАТО“.

Што изјавува Ванковска во поткастот на порталот „Плусинфо“:

„Добро забележавте дека јас сум против НАТО. На времето сум зборувала дури и кога било жешко прашањето со името… што да правиме… и сум била единствена, покрај, ај да не спомнувам имиња, можеби уште еден мој постар колега, јас други и не знам дека се јавно декларирани како анти-НАТО. Тоа бил мој принципиелен став. И сум велела, дури и под уставно име – не за НАТО“, рече Ванковска во поткастот.

Но, дали Ванковска отсекогаш била против НАТО, како што пренесува Плусинфо?

На интернет сè уште може да се пронајдат постари изјави од Ванковска, каде што таа експлицитно се залага за влегување во НАТО. На пример, во текстот на „Дневник“ објавен на 28 февруари 2011, со наслов: „Може ли прегратката на Путин да го замени НАТО?“, е пренесен следниов став на професорката Ванковска: „Мојот став е дека нам ни треба неутралност, т.е. да влеземе во НАТО, но, како Исланд, да не учествуваме активно во воените мисии“.

Понатаму во изјавата, Ванковска тврди дека „Македонија не може да си дозволи да остане остров во овој дел на Балканот“ и дека „Државава ги има исполнето сите услови за влез во НАТО, вложени се огромни средства во армијата за оваа намена, па да влеземе во нова авантура би било играње и би си направиле од готово – вересија“.

Несомнено, во 2011-та година, Ванковска укажувала „да влеземе во НАТО“. Токму затоа тврдењата дека Ванковска била „отсекогаш против НАТО“, или имала принципиелен став против НАТО,  ги оценуваме како непоткрепени и недоследни. Политичарите и кандидатите имаат право да ги менуваат нивните ставови, но не и да ги доведуваат во заблуда граѓаните чија доверба ја бараат. Затоа медиумите треба да ги проверуваат нивните изјави и да ги информираат граѓаните штом откријат недоследност.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Највисокиот маж на светот повторно на дружба со најниската жена на светот

Следно

Речиси 50% поголема добивка за руска нафтена компанија наспроти санкциите од западот

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски утре во посета на ГАК, каде ќе биде заокружен процесот на реконструкција и набавка на нова опрема

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе ја посети Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. -Ве известуваме дека утре, 29.12.2025 година (понеделник), претседателот на

Македонец меѓу светските економски лидери: Филип Јолевски 4-ти по прегледи на трудови

Филип Јолевски, македонски економист кој работи во Светската банка, годинава е рангиран на 4-то место во светот според бројот на прегледи на неговите научни трудови во областа на економија, според методологијата на

Трамп разговараше по телефон со Путин пред средбата со Зеленски

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека имал добар и продуктивен телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, пред средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најавена за
Go toTop