Полицијата спречи кокаин вреден 677 милиони долари да влезе во Австралија

March 4, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Австралиската полиција спречи влез во земјата на 2,4 тони кокаин во вредност од 1 милијарда австралиски долари (околу 676,8 американски долари) и фати 12 лица за поврзаност со наркобанда, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Полицискиот комесар на Западна Австралија, полковник Бланш, истакна дека операцијата траела шест недели и барала опсежен надзор и ресурси, јави Еј-би-си њуз.

Истрагата, наречена „Операција Бука“, резултираше со приведување на 12 лица осомничени за поврзаност со мексикански наркокартел.

Американската Администрација за борба против дрога пресретнала 2,4 тони кокаин наменет за Западна Австралија недалеку од јужноамериканскиот брег во ноември, најголемата количина на дрога фатена во земјата досега, објави медиумот.

Според разузнавачките податоци, шверцерите на дрога не биле свесни за заплената, а австралиското подземје очекувало да ја прими пратката околу 28 декември.

„Ова беше можност да се фати организацијата – групата луѓе кои организирале да ја примат и потоа да ја дистрибуираат низ Австралија“, соопшти комесарот Бланш.

Полицијата на Западна Австралија го заменила товарот со лажен кокаин и го фрлила на 40 наутички милји западно од Перт надгледувајќи го со дронови и авиони.

Припадниците на Одделот за тактичка реакција уапсија тројца мажи со приближно 1,2 тони лажен кокаин на 30 декември, откако чамецот стигна на брегот во близина на реката Мур, 70 километри северно од Перт.

Спроведени се рации низ Перт, како и на Каталина, во пристаништето Хиларис Боут, и во различни хотели.

12-те приведени се од Западна Австралија, Нов Јужен Велс, Северната Територија и САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ново издание на 360°: Како се станува судија или обвинител во Македонија – по заслуги или со врски?

Следно

Град Скопје најави целосна реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“

Latest from Blog

Прекин на услугите на Гугл во Источна Европа предизвика проблеми за корисниците

Корисниците во повеќе земји од Источна Европа, но и во САД, пријавија значителен и тековен прекин на услугите на Гугл, што предизвика сериозни нарушувања во работата и секојдневниот живот. Проблемите започнаа да

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не ги лаже младите и да им се извини за тоа што ги заборавија изминативе 7 години

Сериозно сме изненадени од настапите на Филипче по локалните средби со млади коишто си ги правел во текот на вчерашниот ден. Филипче им говорел на своите членови од младината, како тешко се

Путин лансира „АНТИ-Евросонг“: Плаќа луѓе да седат во публика, учествуваат и САД и Србија

Владимир Путин гја враќа Интервизија. Овој месец, рускиот претседател ќе регрутира учесници од претежно авторитарни држави вклучувајќи ги САД, Кина, Венецуела и Белорусија, за да се натпреваруваат на стар советски натпревар наречен

Тен Хаг би можел да се врати во Ајакс?!

Bayer 04 Leverkusen Saison 2025_2026 10.07.2025 Training Откако по само два месеци престој во Леверкузен доби отказ, се чини дека Ерик Тен Хаг по нешто помалку од три години ќе се врати
Go toTop