Полицијата приведе Косовец кој ограбил 25-годишник во трговски центар

March 13, 2023
1 min read

Вчера бил приведен Косовец кој е осомничен за кражба во трговски центар.

– На 12.03.2023 во 18.05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово. Тој се сомничи дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет, информира МВР.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Белград денеска средба на Вучиќ и Лајчак

Следно

(ФОТО) Филмот „Сешто, секаде, одеднаш“ со голем триумф на „Оскарите“

Latest from Blog

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop