Полемика во Србија околу одржување предвремени избори оваа година, Дачиќ е против

April 10, 2023
2 mins read

По повикот на лидерот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас до претседателот на државата и Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ да го каже точниот датум кога ќе се одржат вонредните белградски и вонредните парламентарни избори, истакнувајќи дека „Србија е на пресвртница“ и дека Вучиќ јавно ветил дека во април ќе се одржат „повторени белградски избори“, во Србија почна полемика околу нивното одржување, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ништо не ветив освен што кажав кога ќе бараат избори во Белград…сега бараат… нема проблем ќе добијат. Кога? Мора да седнеме да разговараме да видиме кога ќе има смисла, не може да се прават избори во јули. Ноември, на есен или зима кога сакаат, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на РТС мината недела.

Во полемиката денеска се вклучи и лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ кој изјави дека е против предвремените избори, додавајќи дека „ако беа добри, тогаш ќе беа и во Ватикан, каде што се избираат доживотно“.

-Јас сигурно не сум за предвремени избори, но тоа е прашање на политичка одлука. Ако е во интерес на државата да има предвремени парламентарни избори, тоа е друго прашање, изјави Дачиќ за ТВ Прва, наведувајќи дека тој е против предвремените избори за градот Белград бидејќи СНС и СПС имаат „стабилно мнозинство“ во градската власт.

Говорејќи за вонредните парламентарни избори, Дачиќ, изјави дека „ако се случат – ќе се случат“, и дека СПС е секогаш подготвена за избори, посочувајќи дека „опозицијата сака избори, а се моли бога да ги нема“, бидејќи нема програма ниту поддршка од граѓаните.

Ѓилас, пред два дена изјави дека очекува до крајот на годината да се одржат избори во Белград и во Србија посочувајќи дека „граѓаните ќе треба конечно да одлучат дали ќе бидат дел од Европа… за да не дојдат на власт екстремисти како Заветници и Двери“, кои поради Договорот од Охрид за Косово исто така бараат предвремени избори.

Членот на Претседателството на СНС, Владимир Ѓукановиќ денеска изјави дека е сигурен оти претседателот на Србија и таа партија, Александар Вучиќ, опозицијата нема да го смени од власта, туку тој ќе си замине самиот, „а познавајќи го, можам слободно да оценам дека тој момент навистина ќе дојде многу брзо, можеби и пред крајот на вториот мандат“.

Весникот Данас, повикувајќи се на неименуван извор од политички кругови соопшти дека „Александар Вучиќ, претседателот на Србија и на СНС, ја разгледува опцијата за распишување на истовремени вонредни парламентарни и редовни локални избори во повеќе од сто општини, избори во Војводина и за градот Белград за ноември, со цел да се спречи влијанието на економската криза и промена на сегашниот состав на Националното собрание, со кој не е задоволен“, пред се од сегашната обединета десница (Двери, Заветници, ДСС-ПОКС), затоа што презема голем број негови гласачи.

-Се прават анкети за расположението на гласачите, врз основа на чии резултати Вучиќ ќе носи одлуки поврзани со оваа опција, вклучувајќи го и името на народното движење со кое, како и со изборната листа, ќе се појави на тие избори, пишува Данас.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најголемиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“ ќе ѝ биде испорачан на Турската воена морнарица

Следно

Макрон се изглупира во Кина

Latest from Blog

Се огласи и Блатер: Инфантино многу се дружи со Трамп, никој нема право да ја продава нашата игра!

Поранешниот претседател на ФИФА Јозеф Блатер, кој долги години беше на претседателското столче во Светската куќа на фудбалот, се јави со коментар по шокантните најави дека ФИФА има план да продадва удели

Д-р Даниловски за Западно нилската треска: Осумте регистрирани случаи се видливиот дел од една епидемиолошка „санта мраз“

„Во Македонија досега се регистрирани осум случаи на Западно нилска треска. Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот нервен систем. Оваа информација заслужува малку подлабоко епидемиолошко

УЕФА сака да стави крај на бесмислените проверки на ВАР за се и сешто!

На состанокот на водечките судии одржан заедно со претставници на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), било оценето дека претерано долгите и детални проверки на ВАР се знак дека технологијата го надминала

Нетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Трамп

„Претседателот Трамп ги заврши средбите во Овалната соба со претседателот (на Украина, Володимир) Зеленски и со премиерот (на Израел, Бенјамин) Нетанјаху. Двете средби беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа,

Лукровски: Граѓаните од Карпош ќе можат да поднесат барање за обесштетување од невремето

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, во емисијата ,,На прва“, на МРТ1, информираше дека е подготвен образец за пријавување на штетите, кој граѓаните можат да го подигнат во Општината или да го
Go toTop