Покриен газ никој не го плука – Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци

January 28, 2025
1 min read

Тимот на Урбана герила на Центарот за современи уметности (ЦСУ) организираше нова акција на улиците на Скопје, овој пат посветена на Европскиот ден за заштита на личните податоци –  28 јануари.

„Оваа уметничка акција е посветена на борбата за заштита на личните податоци бидејќи секојдневно сѐ повеќе наши граѓани се жртви на злоупотреба на нивните лични податоци. Во полесните случаи ефектите од злоупотребена односно кражбата на личните податоци се сведуваат на пренатрупаност  преку е-маил, вибер, СМС и слични пораки на електронските уреди, но во посериозните случаи граѓаните за жал остануваат со празни банкарски сметки исплаќаат разни претплати за кои никогаш не се согласиле, а во екстремни случаи поради злоупотреба на нивните податоци враќаат брзи кредити“, велат уметничките активисти од ЦСУ.

Идејата на акцијата „Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци – Покриен газ никој не го плука“ е преку визуелно допадлив уметнички јазик изразен во едноставна но ефикасна урбана акција претставена преку гигантски гаќи и спружени алишта со испечатени лични документи  да обрнеме внимание особено на повозрасните генерации сериозно да ги сфатат заканите и проблемите кои произлегуваат од недоволната и несоодветната заштита на личните податоци. Преку оваа акција користејќи го едноставниот народен јазик и острата мисла на народниот творец раскажана во едноставната синтагма, сакаме да потсетиме дека еднакво како што ги криеме „срамните“ делови на нашето тело треба да ги криеме и нашите лични податоци. На овој начин сакаме да влијаеме на јавноста и на граѓаните да ја развијат свеста и да ја разберат сериозноста на потребата за чување на сопствените лични податоци.

„Акцијата е наш придонес во одбележувањето на Европскиот ден за заштита на личните податоци –  28 јануари. На овој начин ја одбележуваме годишнината од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните податоци, првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на заштитата на личните податоците, што има за цел да ја подигне свеста и да ги промовира добрите практики за заштита на приватноста и заштита на личните податоци. Овој датум се одбележува секоја година од сите земји членки на Советот на Европа, како и од институциите на ЕУ“, посочуваат од ЦСУ.

Акцијата e поставерна на улица Македонија во близина на Спомен куќата на Мајка Тереза.

Урбаната акција е дело на групата Урбани уметнички акции – Урбана герила на Центарот за современи уметности. Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“ поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бојкот на маркетите – Таму каде што Владата потфрли со кошничките, преземаат граѓаните

Следно

Мицкоски има 17 советници – четворица од нив се со полно работно време

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop