„Погрешна е злоупотребува на спортот во дневнополитички цели“

December 31, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, синоќа се огласи по повод одложувањето на натпреварот Галатасарај – Фенербахче што требаше да се одигра во петокот во Ријад, главниот град на Саудиска Арбија, порачувајќи дека не може да се дозволи настанатиот инцидент да се извлече од контекст и да се користи како материјал за шоу и провокации, известува Анадолу.

Ердоган зборуваше на програмата за доделувањето на наградите „Неџип Фазил“ што синоќа се одржа во Културниот центар Ататурк во Истанбул и во таа прилика се осврна на петочниот инцидент, конкретно одложувањето на натпреварот на Суперкупот на Туркије меѓу Фенербахче и Галатасарај, што требаше да се одигра на стадионот „Ал- Авал“ во Ријад, Саудиска Арабија.

„Сакаме турскиот спорт, особено фудбалот, да биде во прв план по успесите, а не по дебатите. Од каква било причина, злоупотребата на спортот во дневнополитичко препукување е погрешно и не е од корист за нашиот спорт“, рече Ердоган.

Тој подвлече дека очекува сите клубови вистински да го прифатат духот на фер-плеј, претставувајќи го мирот, солидарноста и соработката во спортот.

„Не сме се двоумиле ниту ќе се двоумиме во иднина да преземеме чекори што се потребни“, нагласи Ердоган и додаде: „Не можеме да дозволиме настанатиот инцидент да се извлекува од контекст и да се користи како материјал за шоу и провокација“.

Раководството на Фудбалскиот сојуз на Туркије и клубовите Фенербахче и Галатасарај официјално соопштија во петокот дека натпреварот на Суперкупот на Туркије, што требаше да се одигра во Ријад, е одложен поради организациски проблеми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со умерена облачност, температурите до 14 степени

Следно

Земјотрес од 6,5 степени го потресе регионот на Папуа, Индонезија

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop