Погребот на папата Франциск во сабота

April 22, 2025
1 min read

Во сабота во 10 часот ќе почне погребот на папата Франциск. Десетици кардинали од целиот свет итно се сретна во Рим каде беа договорени деталите за последното испраќање на поглаварот на римокатоличката црква.

Погребната миса ќе се одржи на отворено. Службата ќе ја води деканот на Колеџот за кардинали, Џовани Батиста Ре, а ќе сослужуваат патријарси, кардинали, архиепископи, бискупи и свештеници од целиот свет. На олтарот на исповедта, кардиналот камерленго ќе претседава со Литургијата на Словото, по што ќе почнат посетите за оддавање почит на починатиот понтиф.

Своето присуство на погребот веќе го потврдија американскиот и францускиот претседател, шефицата на Европската Комисја како и претседателите на Аргентина и Бразил. Италија пак прогласи петдневна жалост. А во тестаментот кој го остави, папата Франциск побарал да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници.

Додека траат подготовките за последното испраќање на папата Франциско, веќе се истакнуваат кандидатите за нов папа, секој со различен пристап и визии за иднината на Црквата..Меѓу главните кандидати е 70 годишниот Кардинал Пјетро Паролин од  Италија кој е официјален ватикански дипломат и државен секретар на Светата Столица. Големи се шансите и на кардинали кои доаѓаат од Африка и Азија.

„Двајца посебно се истакнуваат, кардиналот Туксон од Гана, Африка и кардиналот Тагле од Филипини кого папата Франциско го повика во Ватикан каде извршува важна функција. Сметам дека е прерано Африка да добие папа…Филипини се стара католичка држава , голема и важна. Покрај тоа, кардиналот Тагле има и кинески корени и со тоа мислам дека Азија ќе добие на важност.“ – Фрањо Топиќ теолог.

Изборот на новиот папа вообичаено се одржува 15 до 20 дена по смртта на претходникот, а учествуваат 135 кардинали од целиот свет. Во тајно гласање, кое може да трае со денови, нов поглавар на Римокатоличката црква ќе биде оној кој ќе успее да ја добие поддршката на 90 кардинали. Кога папата е изгласан, се палат гласачките ливчиња и се пушта бел чад од Систинската капела, за на светот да му се открие дека е избран нов папа. 

Роден како Хорхе Марио Бергољо во 1936, папата Франциск стана поглавар на Римокатоличката црква во 2013-тата година. Како духовен водач на 1,4 милијарди католици во светот, папата Франциск беше првиот папа од Латинска Америка, првиот језуит и првиот што го доби името по Свети Франциск од Асизи, средновековен монах.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Асмир Јахоски останува во притвор, Кривичниот совет го одби неговото барање да биде пуштен

Следно

Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски, осомничен за перење пари

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop