Поголемите субвенции во земјоделството не го зголемија производството

February 16, 2024
2 mins read

Младите земјоделци тешко се одлучуваат да вложат во големо земјоделско производство, бидејќи не се сигурни дека ќе ги вратат парите кои ги инвестирале – така е и покрај тоа што земјоделското производство е субвенционирано, вели Петар Стојковски – претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија во разговор за Радио Слободна Европа.

„Ние прво мораме да имаме утврдена производствена цена, но потоа и пласман на производот. Ако го нема тоа, никој не е сигурен во производството. Трудот наш треба да биде реално вреднуван, а потоа државата дополнително нека дава субвенции за производите што ги смета за стратешки и ние со тоа сме задоволни. Но, субвенциите не треба да бидат за покривање на трошоците“, вели Стојковски.

Државата секоја година издвојува се повеќе пари за субвенции на земјоделството кои од 2010 година наваму се движат од 100 до 130 милиони евра годишно. Но, проблем е што увозот на храна континуирано е поголем од извозот, додека истовремено се намалуваат засеаните површини, а производството стагнира.

Од друга стана земјоделците во текот на минатата година се жалеа дека работат со големи загуби, делумно поради временските неприлики, а делумно поради ниските откупни цени.

Во 2023 година извозот на храна и живи животни е 493 милиони евра, што е двојно помалку во однос на извозот од 973 милиони евра. Негативната разлика е околу 480 милиони евра.

Продажните цени во моментов не се само проблем за земјоделците во Северна Македонија.

Големи протести организираат земјоделците скоро во цела Европа – Грција, Франција, Германија, Холандија, Поласка и Португалија.

Заеднички предизвици за нив се падот на продажните цени, зголемените трошоци, тешките регулативи во Европската унија, моќните и доминантни трговци на мало, долговите, климатските промени и евтиниот странски увоз.

За македонското земјоделство клучно е да добие поголемо производство и систем за субвенционирање што тоа ќе може да го поттикне. Во 2023 година државата издвои околу 130 милиони евра за субвенции во земјоделието.

Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ и доскорешен премиер на државата, пред крајот на 2023 година зборуваше за уште поголема сума за субвенции.

„Во оваа кризна година издвоени се 150 милиони евра за поддршка на земјоделството, а земјоделците ќе добиваат авансна исплата. Околу 40.000 земјоделци ќе ги добијат авансно своите субвенции во текот на оваа и следната година“, рече Ковачевски.

Но, според Стојковски потребен е уште еден клучен момент којшто е потребен за зголемување на производството на храна. Тој вели дека научната фела во универзитетите и институтите треба да направат научни анализи за земјоделците да знаат кои површини се соодветни за садење на одредени култури.

„Науката треба да направи испитување на земјиштето во цела Република Македонија и да каже на кои површини најдобро ќе успеваат одредени земјоделски култури. Тоа сметам дека е еден од главните фактори за намалување на производството – непосветеноста на науката во земјоделието“, вели Стојковски.

Ова, додава Стојковски, е важно меѓу другото и поради климатските промени – почестите и поинтензивни суши, поплави, бури и топлотни бранови – екстремни настани кои на глобално ниво влијат на приносите на земјоделските култури и сточарското производство.

Иако во Северна Македонија од 2010 година наваму издвоени се околу 1,5 милијарди евра за субвенции во земјоделието, искористеноста на обработливите површини се уште е слаба.

Со вкупна обработлива површина од 514.436 хектари во 2022 година, засеани биле 275.297 хектари засеани што е само 53 проценти од достапното земјоделско земјштето, според податоците на Државниот завод за статистика.

Економскиот аналитичар Арбен Халили се согласува дека субвенционирањето на земјоделскиот сектор треба да се поддржи, но според него државата треба да размисли за промена на моделот за нивно користење.

„Прво, за жал, земјоделците не гледаат на субвенциите како развојна компонента, туку повеќе како социјална компонента и некои од нив парите што ги добиваат не ги користат директно за земјоделски цели, туку и за секундарни работи“, вели Халили.

Земјоделството учествува со 8,6 проценти во БДП на Северна Македонија, според показателите на Светската банка.

Во 2022 година земјоделците во земјава најмногу произвеле крмна пченка – 286.455 тони, а потоа пиперки скоро 238 илјади тони, компири 196 илјади тони, домати 151 илјади тони, јаболка 164 илјади тони.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МВР: Не доаѓајте во МРТВ и ПС Пролет, ако не сте добиле порака дека пасошот ви е готов

Следно

Во затвор почина рускиот опозиционер Алексеј Навални

Latest from Blog

Конор Мегрегор обвинет за силување

Конор Мегрегор повторно е обвинет за силување. Овој пат во Соединетите американски дражави каде злоупотребил жена на НБА натпреварот помеѓу Мајами и Денвер минатата година, носејќи ја во тоалетот со помош на

Стотици камиони со хуманитарна помош го чекаат отворањето на Граничниот премин „Рафа“ во Газа

АЛ-АРИШ (АА) – По објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, стотици камиони со хуманитарна помош пристигнаа на египетската страна на Граничниот премин „Рафа“ утрово очекувајќи го отворањето

Љутков : Ќе го вратиме сјајот на Стоби, културното богатство со особено значење за промоција на државата и развој на туризмот

Ова културно богатство има особено значење за афирмација и промоција на нашата држава, како и за развој на туризмот, што е стратегиска определба на Владата на Република Македонија и на Министерството за

Опасен Тик-Ток тренд?! 17-годишник во Кисела Вода настрада од струен удар додека бил качен на вагон

Младо момче кое било качено на цистерна-вагон доживеа струен удар на пруга во Кисела Вода. Од МВР за ТВ21 го потврдија овој инцидент. „Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на

Ќура: По завршувањето на Новогодишната кошничка цените на производите одат на слободниот пазар

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Менди Ќура изјави дека не може да се гарантира дека нема да има промена на цените на производите по завршувањето на Новогодишната кошничка кога беа
Go toTop